Свет
Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства
Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства, објави „Ројтерс“.
„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Експлозија на плинска боца во Лесковац, повредена трудница која минувала покрај локал
Една жена е повредена само затоа што случајно одела пред Здружението на бранители во Лесковац кога во него експлодирала плинска боца.
Парче од стакло и го пресече лицето, и итно е пренесена во болница, потврди новинар на лице место.
„Жената се чувствува добро и по укажаната помош е пуштена дома. Инаку, таа е во рана бременост, па направивме и детални прегледи“, вели директорот на лесковачката општа болница Небојша Димитријевиќ.
Шанкот целосно изгорел, а пожарникарите набрзина успеале да го локализираат пожарот за да не се прошири на другите околни згради.
Инаку, пожарот се уште се гаси, а улицата во моментов е затворена за сообраќај. Исто така, во овој дел од градот нема струја.
Свет
Трамп: Камала Харис има изопачен ум
Кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп изјави дека неговата противкандидатка, демократската кандидатка Камала Харис има изопачен ум. Вака Трамп реагираше на нејзината изјава на телевизија дека е „фашист“, пренесува BBC.
„Таа сè повеќе ја заострува својата реторика и оди дотаму што дури ме нарекува Адолф Хитлер и дава секакви забелешки кои се производ на нејзиниот изопачен ум“, рече Трамп во објавата на платформата Truth Social. Во духот на нејзината, како што тврди, „екстремно левичарска политика“, ја нарече „другарка Камала Харис“ и посочи дека таа претставува „закана за демократијата“.
Освен што го нарече Трамп „фашист“, Харис го опиша како „опасен“ и „неподобен“ за позицијата за која се кандидира. Харис во емисијата на Си-Ен-Ен рече дека се согласува со изјавата на поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Џон Кели, кој претходно оваа недела изјави дека неговиот поранешен шеф ја исполнува општата дефиниција за фашист, објави Ен-би-си њуз. Таа рече дека коментарите на Кели, кои беа објавени само две недели пред изборите, што ќе се одржат на 5 ноември, се повик за итна помош до американскиот народ.
„Мораме да ги сфатиме многу сериозно оние луѓе кои најдобро го познаваа“, рече Харис, мислејќи на бројните поранешни советници на Трамп кои ја прекинаа соработката со него и ја предупредија јавноста дека не треба повторно да му се доверува власта.
На директно прашање дали мисли дека Доналд Трамп е фашист, таа одговори: „Да, мислам“. Самата Харис првпат го употреби овој збор во јавноста, изразувајќи го своето уверување дека на гласачите им е важно да нема претседател на САД кој им се восхитува на диктаторите и е фашист, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија: Хезболах користи возила на брза помош за транспорт на терористи и оружје
Израелската војска тврди дека либанската група Хезболах „користи амбулантни возила за транспорт на терористи и оружје“ и предупредува дека Израел ќе ги таргетира возилата без оглед на нивниот тип.
Не наведувајќи докази за ова тврдење, портпаролот на израелската армија Авихаи Адрае издаде изјава на арапски во која изјави дека Израел ги повикува медицинските тимови да избегнуваат контакт со елементи на Хезболах и да не соработуваат со нив, пишува Гардијан.
Во соопштението израелската армија повторно им нареди на граѓаните на Либан да избегнуваат движење кон југот на земјата. Либанската влада објави дека 1,2 милиони луѓе се раселени од своите домови поради ескалацијата на борбите и израелските воздушни напади врз земјата.
Десетици илјади Израелци, исто така, мораа да ги напуштат своите домови на северот на Израел поради континуираниот ракетен истрел врз Израел од јужен Либан, пренесува Танјуг.