Спорт
Јокиќ: Лука ми е пријател, му посакувам да ја освои титулата

Никола Јокиќ и кошаркарите на Денвер не успеаја да го одбранат шампионскиот прстен оваа сезона. Тие беа поразени во полуфиналната серија на Западот од Минесота со 4-3, последниот, седми натпревар во серијата Минесота го доби во Денвер со (90:98).
Јокиќ не беше расположен по натпреварот, делуваше исцрпено по големата борба. Минесота често играше со тројца високи играчи Руди Гобер, Карл-Ентони Таунс и Наз Рид кои максимално го изморија најдобриот играч во лигата.
Кога Јокиќ на прес-конференцијата беше запрашан да опише што им се случи, можеби со својот одговор индиректно прстот го впери кон челниците на франшизата, се пожали на на недоволниот квалитет што го има Денвер на клупата за резерви.
Јокиќ беше запрашан и кого би сакал да види на местото каде минатата година беше Денвер, со шампионски прстен.
„Тоа му го посакувам на Лука. Тој ми е добар пријател“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гризман го постигна својот 200-ти гол за Атлетико

Атлетико Мадрид, во интервал од три дена „пукна“ уште една петарда во мрежата на противникот. Откако, во саботата со 5:2 го победија Реал во градското дерби, одиграно во седмото коло во Ла Лига, со пет гола во мрежата „Метрополитано“ стадинот го напуштија и фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт.
Атлетико, во второто коло во Лигата на шампионите, го победи Ајнтрахт со 5:1. Натпреварот никогаш нема да го заборави Антоан Гризман.
Францускиот ас, во финишот на првото полувреме, асистенцијата на Хулијан Алварез ја претвори во гол за 3:0. Овој гол беше негов 200-ти во кариерата во дресот на Атлетико.
Веднаш по голот следеше посебна прослава. Гризман го крена својот дрес со бројот 200, а целиот стадион стана на нозе за да му оддаде почит на својот херој. Тоа беше сцена што ја потврди нераскинливата врска помеѓу францускиот ас и навивачите, момент за вечноста што симболизира години лојалност, жртва и доследност.
Atletico Madrid [3] – 0 Frankfurt – Antoine Griezmann 45+1'
byu/OptimusCloyster insoccer
Антоан Гризман во Атлетико пристигна пред почетокот на сезоната 2014/2015 година од Реал Сосиедад за сума од 30 милиони евра. Од клубот замина во 2019 година кога се пресели во Барселона, но по само две сезони реши да се врати во Мадрид. Минатото лето го продолжи договорот за уште една сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Алисон нема да брани против Челси, неизвесен е настапот на Екетике

Ливерпул со пораз се врати од Истанбул. В второто коло во Лигата на шампионите „црвените“ загубија од Галатасарај со 1:0. Голот за победа го постигна Виктор Осимен во 16-та минута од пенал.
Ливерпул, во Истанбул не само што доживеа пораз, туку остана и без првиот голман Алисон Бекер.
Бразилскиот голман го напушти натпреварот во 56-та минута. Менаџерот на тимот, Арне Слот потврди дека повредата е од посериозна природа и дека сигурно нема да игра против Челзи.
„Никогаш не е добро кога играч ќе излезе вака и можете да бидете сигурни дека нема да игра во сабота против Челзи“, рече Слот.
Сепак, Ливерпул има соодветна замена. Грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили, кој беше донесен од Валенсија минатото лето за 30 милиони евра, ќе биде на голот.
Она што можеби уште повеќе го загрижува Слот е тоа што Уго Екетике е знак прашалник.
– На почетокот не помислив дека е повреден, но Уго почувствува нешто. Рече дека не може да продолжи понатаму, па мораше да го извадиме. Ќе видиме како ќе помине викендот“, заклучи Слот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мбапе: Оваа победа не значи дека го заборавиме тешкиот пораз од Атлетико

Килијан Мбапе со хет-трик го предводеше Реал до победата 5:0 против Каират, во Алмати, во второто коло во Лигата на шампионите.
Мбапе во првите две кола веќе постигна пет гола, три од нив од белата точка. Сепак, француската ѕвезда не дозволи убедливата победа да го засени неодамнешниот неуспех.
„Дали оваа победа значи дека го забораваме дербито? Не, не, тоа не смее да се заборави“, рече Мбапе по натпреварот, додавајќи:
„Не можеме да заборавиме што се случи овој викенд“, додаде тој, осврнувајќи се на болниот пораз од 5:2 од Атлетико Мадрид. Тој натпревар беше првиот пораз на Реал во сезоната и исто така откри сериозни проблеми во одбраната на тимот на Чаби Алонсо.
Мбапе ги предупреди своите соиграчи да не паѓаат во стапицата на самодоволството, дури и по убедливите европски победи како оваа против Каират.
Foto/ EPA