Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денеска без струја делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково
Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)
– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).
– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)
Македонија
Времен прекин на вода за жителите на улицата Васил Стефановски 16 во Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.