Македонија
Прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места, до 9 часот гласале 326 луѓе, односно 7,22 отсто
Денес, во 7 часот наутро почна прегласувањето за парламентарните избори во седумте избирачки места во Желино, Крушево, Охрид, Струга и во Долнени.
Како што соопшти Државната изборна комисија, до 9 часот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на избирачките места, гласале 326, односно 7,22 %.
Во ИМ 2101 во Желино гласале 101 гласач, односно 10,17 %;
Во ИМ1194 во Крушево гласале 57 гласачи, односно 12,15 %;
Во ИМ 1202 во Крушево гласале 22 гласачи, односно 7,38 %;
Во ИМ 1272 во Охрид гласале 54 гласачи, односно 7,59 %;
Во ИМ 1470 во Долнени гласале 22 гласачи, односно 3,34 %;
Во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 14 гласачи, односно 2,22 %;
Во ИМ 1844 во Струга гласале 56 гласачи, односно 7,44 %.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 9 часот, на ова прегласување се забележува зголемен одѕив за 4,07 % на овие избирачки места, велат од ДИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

