Македонија
Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина: договорено продлабочување на меѓусебната соработка
Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ), денеска, во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација, извести АВМУ.
„Претставниците на двете регулаторни тела разговараа за повеќе прашања поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива со европската и спроведувањето на обврските што произлегуваат од ревидираната директива за аудиовизуелни медиумски услуги. Посебен фокус беше ставен на начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини во период на изборни процеси.
За време на средбата косовскиот регулатор го претстави и системот за мониторинг на програмските содржини емитувани на радијата и телевизиите и за прием на сигналите на операторите што реемитуваат програмски сервиси.
На крајот на сoстанокот беше констатирано дека билатералните односи се од важно значење и дека ваквата пракса ќе продолжи и во иднина“, соопшти АВМУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Паднати дрва, скинати проводници, поплавени куќи по невремето во Скопската котлина
Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку eдинствениот број за итни повици 112 во ЦУК, биле добиени пријави и известувања за причинети штети.
Жители на Бутел преку видео ја опишуваат состојбата по невремето во оваа скопска општина.
Според ЦУК на бројот за итни повици биле добиени пријави за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.
Имало пријави за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.
Македонија
Зголемувањето на пензиите ќе се разгледува утре на владина седница
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите.
Со овој проект, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.
Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, која ќе се одржи на 28.6.2024 година во петок.
Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани.
Македонија
Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово
Според информации од УХМР, подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи.
Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток.
Поголема нестабилност, како што информира ЦУК, има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово.
Од УХМР известуваат дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската Котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.