Црна хроника
Следел женско лице а од канцеларијата и го украл и мобилниот телефон: кривична за маж од Дебар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против У.Ф.(63) од Дебар.
Toj се сомничи за сторени кривични дела „кражба“ и „демнење“.
63-годишниот маж извесно време следел женско лице од Дебар, а на 07.05.2024 од работната канцеларија ѝ го одзел мобилниот телефон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Нападната жена во автобус на Бит-пазар: напаѓачот ѝ го украл златното синџирче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Policija.jpg)
Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје, С.З.(35) од Скопје пријавила дека околу 10.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, во автобус, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело златниот ланец што го носела на себе.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен маж од Беровско: прегазил полицаец, а на друг му упатувал закани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-3.jpg)
Денеска полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.М.(20) од с.Двориште, беровско.
Околу 02.10 часот тој со возило прегазил еден полициски службеник во пределот на ногата и се дал во бегство, а на друг полициски службеник му упатувал закани.
Против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Прегазена 80-годишна жена во Прилепско, однесена во болница со тешки повреди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера, во 17.20 часот, во СВР Битола било пријавено дека во с. Тополчани, прилепско, патничко моторно возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д. Ч. (26) од с. Тополчани, удрило во Р. В. (80) од с. Тополчани.
На Р. В. во Градската болница во Прилеп ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.