Свет
Свештеник во Флорида гризнал жена која се обидувала да се причести
Свештеник од Флорида се соочува со обвиненија за напад откако гризнал жена за време на неделната миса.
Жената дошла на мисата во 10 часот, која се одржала во црквата Свети Тома Аквински и се обидела да се причести, објави епархијата Орландо, како што пренесува „NBC News“.
Свештеникот и рекол дека не се подготвила соодветно за причест, и дал благослов и ја замолил да си оди.
Жената подоцна се вратила и се обидела повторно да се причести, велат од бискупијата, а кога Родригез ја прашал дали ги презела сите неопходни чекори за да се причести, таа му рекла дека тоа не е негов проблем.
Свештеникот потоа ја причестил. „Во тој момент жената ја ставила раката во сад што го држел свештеникот, тој се обидел да ја оттурне со слободната рака, по што жената го оттурнала. Свештеникот ја каснал за раката“, наведуваат од епархијата.
Полицијата го истражуваше инцидентот во црквата и го сомничи Родригез за злоупотреба, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Див дабар виден во Велика Британија за првпат по 400 години
Во природниот резерват Пенсторп, Норфолк, за прв патпо повеќе од 400 години е забележан див дабар. Животното е снимено на камера додека собира дрвја за своето живеалиште покрај речен брег, оставајќи ги експертите збунети за неговото потекло.
Менаџерот на резерватот, Ричард Споуџ, рече дека дабарот престојува во изолиран дел од резерватот околу еден месец и можеби патува кон соседните мочуришта во потрага по храна. Првите знаци за присуство биле карактеристични траги на дрвја, по што биле поставени камери.
Реинтродукцијата на дабарите во Англија започна во 2015 година, а диви популации се забележани и во Дорсет, Кент, Хемпшир, Сомерсет и Шкотска.
Потеклото на дабарот од Пенсторп останува мистерија.
„Од наша гледна точка, тоа е диво животно и има право да биде тука“, заклучи Споуџ.
Свет
Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје
Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.
Двете главни нерешени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено на иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.
Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.
Свет
(Видео) Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.
NEW: Soldiers tried and failed to overthrow President Patrice Talon in Benin.
Coup plotters briefly seized state TV in Cotonou and announced a junta, but loyalist forces reportedly retook control within hours.
Talon was evacuated safely. pic.twitter.com/AVCAdphsyH
— Clash Report (@clashreport) December 7, 2025
Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.
Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата.

