Црна хроника
Тешко повреден малолетник: со моторот кој го управувал паднал на патот

Синоќа во 21.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ кај крстосница со ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, малолетник од Кичево кој управувал мотор „хамачи“ паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Куршум се одбил од подот и погодил момче во Кичевско – пукањето на прослава заврши со повреда

Двајца мажи од кичевското село Трапчин Дол се лишени од слобода откако 16-годишно момче било повредено од куршуми испукани при семејна веселба.
Како што информира МВР, на 22 јули околу 2:30 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52). За време на славје во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. пукал неколку куршуми од пиштол, кои по одбивање од подот повредиле момче од селото Стрелци.
Повредениот бил веднаш пренесен во Општата болница во Кичево, а полициски екипи извршиле увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.
Црна хроника
Приведен татко, кој питал со ќерка си во Дебар

Полицијата од ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.Р. од Скопје, поради запуштање и малтретирање дете.
Инцидентот се случил на 10 јули околу 20:40 часот, кога при контрола на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полицајците го затекнале пријавениот како питачи со неговата петгодишна ќерка. По настанот, биле повикани претставници од Центарот за социјални работи во Дебар и адвокат за малолетници, а С.Р. бил лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поведена соодветна постапка.
Црна хроника
Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е

Едно лице е тешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:10 часот на локалниот пат Тетово – село Требош.
Според информациите од МВР, возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишна девојка од село Ратае, излетало од патот по што удрило во велосипедист од село Требош, потоа и во паркирано возило „фиат“ и завршило во деловен објект.
Девојката зад воланот се здобила со тешки телесни повреди, додека велосипедистот е полесно повреден. Двајцата се пренесени во Клиничката болница Тетово.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од страна на екипа на СВР Тетово.