Спорт
(Видео) Манчестер јунајтед го освои ФА купот
Фудбалерите на Манчестер jунајтед го освоија ФА купот откако го совладаа шампионот на Англија и големиот градски ривал Манчестер сити со 2:1.
Двата гола „црвените ѓаволи“ ги постигнаа во првото полувреме, во интервал од само осум минути. Стрелци 19-годишниците Алехандро Гарнаџо во 30. минута по големата грешка на Јошко Гвардиол и голманот Ортега, вториот Коби Мајно по одличната асистенција на капитенот Бруно Фернадес.
Сити намали во 87. минута преку Џереми Доку, по лошата реакција на голманот Онана, но тоа не беше доволно „граѓаните“ да останат непоразени.
Манчестер јунајтед со трофејот во ФА купот малку го поправија впечатокот за најлошата сезона од освоновањто на Премиер лигата. Јунајтед сезонава доживеа 14 порази во првенството и сезоната ја заврши на осмото место.
Со ова победа Јунајтед избори место во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дамфрис го продолжи договорот со Интер
Фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис го продолжи договорот на уште три години, што значи дека во Милано ќе остане до 2028 година.
Холандскиот фудбалер со новиот договор ќе добие покачување на платата, па годишно ќе добива четири милиони евра, објавија италијанските медиуми. За разлика од медиумите клубот не ги соопшти финансиските детали од договорот на 28-годишниот десен бек.
Во 2021 година, Дамфрис се пресели од ПСВ во Интер, за кој одигра 147 натпревари, постигна 13 гола и го освои шампионатот, два Купа на Италија и три Суперкупа.
Спорт
Новак Ѓоковиќ стана глобален амбасадор на „Катар ервејс“
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, освојувач на рекордни 24 Грен слем титули, стана глобален амбасадор на компанијата Катар ервејс.
Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ станал бренд и велнес амбасадор на компанијата и била договорена долгорочна соработка.
„За мене е големо задоволство и чест да соработувам со Катар Ервејс, компанија која многу ја ценам, не само поради нејзиниот беспрекорен однос кон клиентите и вработените, туку и затоа што ја препознава важноста на благосостојбата и долговечноста, што е мојата голема страст. Верувам дека заедно ќе го подобриме веќе наградуваното искуство на клиентите ширум светот и ќе го подигнеме на уште повисоко ниво. Благодарен сум што Катар Ервејс ќе биде мој партнер на сите патувања на професионалниот спорт, семејните моменти или деловните обврски“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Матеус: Баерн треба да го продаде Коман, а да го задржи Сане
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги советува челниците на Баерн, во зимскиот преоден рок да го продадат Кингсли Коман, а во исто време да направат обид да го задржат Лирој Сане.
Баерн суверено владее во Бундеслигата и по победата над Пари Сен Жермен навестува дека ќе се пласира во нокаут фазтата во Лигата на шампионите. Во исто време, шефовите на спортскиот сектор, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наголемо работа на летниот преоден рок.
Младата ѕвезда на Баер, Флоријан Вирц е на врвот на листата, но за него треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, а ќе биде тешко бидејќи за Вирц интерес покажа и Реал Мадрид, Надзорниот одбор очекува приходи од продажба на фудбалери веќе во претстојниот преоден рок во јануари.
Кандидатите за продажба се Кингсли Коман (договор до 2027 година), Леон Горецка (до 2026 година) и Серж Гнабри (до 2026 година).
Легендата на Баерн со најмногу натпревари во германската репрезентација, Лотар Матеус, го советува поранешниот клуб прво да го продаде Коман и да го продолжи договорот со Лерој Сане, кој истекува во јуни.
„Сане треба да се задржи, но со намалена плата. Тој добро се согласува со тренерот Компани. Коман не е неопходен за тимот и треба да се продаде во зимскиот преоден рок“.
Францускиот репрезентативец одигра 309 натпревари од летото 2017 година, постигна 67 голови и забележа 68 асистенција. Запаметен по победничкиот гол против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.