Македонија
(Видео) Мециновиќ: ДПМНЕ поставува измеќар на СДС, за претседател на Собранието
Предлогот на новото мнозинство за избор на Африм Гаши за собраниски спикер не е ништо друго освен крунисување на партиите кои соработуваа во криминалната Влада на СДС, од страна на ДПМНЕ.
„Имаме јасен приказ дека силно ДПМНЕ најмногу значи силна Алтернатива. Зошто значи силна Алтернатива? – Токму оваа партија која беше измеќар на СДС, токму СДС ја избрка од својата Влада за да влезе Алијанса. Токму една ваква партија сега ДПМНЕ сака да ја круниса“ – истакна пратеникот Амар Мeциновиќ во неговото обраќање пред пратениците.
Според него, праксата на политички камелеонизам и шетање од коалиција во коалиција не е ништо ново на непренципиелната политика која ја водат политичките субјекти.
„Ова е само уште една потврда за водењето на лукративни политики, каде државните и националните интереси не се никаков предмет на интерес кај домашната политичка елита“, додава пратеникот на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери
„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирми блиски до СДС свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ преку РЕК до здравство каде жареше и палеше Венко Филипче.
Дражавниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи.
Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа.
Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат.
Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР“, кажа Лефков во партиското седиште.
Македонија
АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во Кавадарци.
Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица.
Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти.
Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).
Македонија
Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
„Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!“, напиша тој на ФБ.