Спорт
Њукасл ќе остане без Гимараеш – Бразилецот пред трансфер во Сити
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/3843905-78111028-2560-1440.jpg)
Њукасл не успеа да го повтори одличниот резултат од минатата сезона. „Страчките“ сезонава играа во Лигата на шампионите, а во наредната ќе играат само во домашните натпреварувања.
Поради неуспехот во борбата со конкурентите во борбата за местата во европските купови, Њукасл веројатно ќе остане без Бруно Гимараеш.
Бразилскиот играч за врска оваа сезона беше еден од двајцата најдобри играчи во тимот на Њукасл.
Њукасл ќе мора да го продаде Гимареш поради проблеми со финансискиот фер-плеј, бидејќи ќе мора да ги балансира приходите и расходите.
Како прв фаворит да стигне до Гимареш се споменува Манчестер сити. Пеп Гвардиола (многу веројатно) влегува во својата последна година на клупата на „Граѓаните“ и дефинитивно ќе сака да освои се, а делува дека Гимараеш заедно со Кевин Де Бруине и Родри би формирал совршено трио во редот за врска.
Гимареш оваа сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигна седум гола и додаде осум асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Хрватска го дозна противникот во полуфиналето од квалификациите за ОИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mario-Hezonja.jpg)
Противник на хрватската кошаркарска репрезентација во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри ќе биде Доминиканска Република.
Ова и официјално беше потврдено откако домаќинот Грција во последниот натпревар го победи Египет со 93:71. Хрватска во сабота од 20 часот ќе игра со Доминиканската Република.
Противникот на Хрватска на овој турнир не може да смета на неколку клучни играчи.
Во споредба со ланското Светско првенство, го нема центарот Карл-Ентони Таунс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, како и Анхел Делгадо, исто така центар, кој игра за Галатасарај.
Недостига и Лестер Кињонес од Голден Стејт Вориорс.
Еден од предводниците на оваа репрезентација е 26-годишниот плејмејкер Андрес Фелиз, кој од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид, а тука е и Крис Дуарте, шутер кој настапува за Сакраменто Кингс во НБА лигата.
Во случај на победа над Доминиканската Република, Хрватска би се пласирала во квалификациското финале кое ќе се игра веќе во недела.
Нејзин противник би бил подобриот од дуелот Словенија и Грција.
Спорт
Бојан Богдановиќ во Бруклин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bojan.jpg)
Њујорк Никс направи голема работа и се договори со Бруклин Нетс.
Њујорк Никс веќе имаат шампионски тим од универзитетот Виланова, бидејќи Џејлен Брансон, Џош Харт и Донте Дивиченцо ја делат соблекувалната, а сега ќе им се придружи и Мајкл Бриџис.
Играчот беше превземен од Бруклин Нетс во Њујорк Никс и сега целата зделка ќе биде завршена.
Според Шемс Чаранија, во се е вклучен и Бојан Богдановиќ.
Никс договорија тригодишен договор вреден 9 милиони долари со Малик Милтон, кој заедно со Бојан Богдановиќ ќе оди во Бруклин Нетс, а во Њујорк доаѓа Кеита Бејтс-Диоп, како и Мајкл Бриџис, кој е централна фигура на оваа размена.
Оваа година, поради големиот број повреди, Никс го пропуштија Источното финале кога беа поразени во седмиот натпревар во Медисон Сквер Гарден од Индијана Пејсерс.
Спорт
УЕФА жестоко го казни Демирал
Турскиот стопер Мерих Демирал е суспендиран од УЕФА поради истакнување на симболот на терористичка организација.
Мерих Демирал ги постигна двата гола во победата на Турција над Австрија во осминафиналето на Европското првенство, а натпреварот заврши со резултат 2:1.
Демирал ги прослави головите покажувајќи го поздравот на „Сивите волци“, односно симбол на десничарската екстремистичка идеологија, која во некои земји се смета за терористичка порака.
Демирал на тој начин доби казна за која сигурно нема да игра во четврт-финалето кое Турција ќе го игра в сабота против Холандија, а дури и да се пласира во полуфиналето неговата селекција нема да биде во тимот.
Стоперот ќе може да им помогне на своите момци само доколку Турција се пласира во финалето на Европското првенство, одлучи УЕФА.