Македонија
„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски казни за политичките конкуренти беше најголемиот срам за позицијата претседател на Уставниот суд во неговата историја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дојде на функцијата како награда за казните за 27 април, без докази. Со посрамената Рускоска беа двоецот кој ќе биде запишан на црните страници на македонската историја.
Цело време служеше и како судскиот портпарол на СДС и ДУИ.
Таа е првиот и последен Уставен судија избран откако претходно истиот суд пресудил дека прекршиле уставни одредби. Така функционираше пупка судството во кое Кацарска беше еден од главните извршители“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.
Македонија
СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река

„Четири дена поминаа од еколошката хаварија во Крива Река – а Владата, Министерството за животна средина и надлежните институции сѐ уште не даваат одговори. Нема информации што ќе се преземе, нема најави за нови анализи, нема план за заштита на здравјето на граѓаните. Дали здравјето на граѓаните е воопшто приоритет за оваа власт? Срамно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и институциите кои ги водат.
СДСМ прашува: Зошто Владата молчи четири дена откако се потврдија сомнежите дека во Крива Рекла тече вода со цијанид и тешки метали? Кој го донесе политички мотивираното тврдење дека “се излеала само вода”, без ниту една анализа? Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од заштитата на интересите на фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ?
„Фактите се јасни. На 14 март, во реката Крива се излеа огромна количина загадена маса од рудникот Тораница. Независната лабораториска анализа, побарана од општина Крива Паланка, покажа драматично зголемено присуство на цијаниди, олово, фосфор и други токсични материи – на ниво кое директно го загрозува животот, здравјето, земјоделството и безбедноста на храната.
Во таква ситуација, Инспекторатот за животна средина не само што не презеде ништо, туку и дезинформираше – тврдејќи дека се излеала „само вода“, без направена анализа. Министерството за животна средина досега не го демантираше тоа, ниту презеде конкретни мерки.
СДСМ ја повикува Владата и министерот Изет Меџити:
Веднаш да одговорат дали ќе се направат нови, целосни анализи на водите од Крива Река, Пчиња и Вардар;
Да соопштат какви мерки се преземаат за заштита на водоснабдувањето и храната во регионот;
Да објават зошто досега нема објавено ниту еден инспекциски извештај за рудникот Тораница.
Ова не е ситен проблем. Ова е прашање на живот и здравје.
СДСМ уште еднаш потсетува: директорот на рудникот Тораница, Тони Тоневски, е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Емил Спасовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини градоначалникот на Крива Паланка дека „шири паника“, наместо да побара анализа на водата. Денес е јасно кој ја кажуваше вистината и кој ја прикриваше.
Додека Владата молчи, граѓаните пијат вода, јадат храна и живеат во несигурност. Тоа е пораз на институциите“, велат од СДСМ.