Скопје
Општина Кисела Вода ги реконструира сите тоалети во ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”
Општина Кисела Вода ги реконструира сите тоалети во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“. Проектот кој во минатата година стартуваше со обнова на санитарните јазли на долниот кат, сега ќе биде заокружен со целосна реконструкција на сите преостанати тоалети. Неодамна, во дворот на овој објект општината изгради и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг, а како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во моментот се подготвува проектната документација за доградба на училиштето со што, сите ученици ќе одат во прва смена.

„Ги реконструираме сите тоалети во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“. Грижата за нашите деца, се огледува преку континуираните проекти за унапредување на условите во образовните објекти кои се појдовна станица за нивниот интелектуален развој. Во ова училиште, претходно ги реконструиравме тоалетите на долниот кат. Извршивме промена на санитарните елементи, го реконтруиравме и подот, како и ѕидовите и плафонот. Продолжуваме и на другите катови, со што ја заокружуваме целата реконтрукција на сите тоалети во училиштето кои беа во катастрофална состојба години наназад.

Изразувам огромна благодарност до Светска банка за поддршката на овој проект кој значи подобрување на условите во училиштето и грижа за учениците. Дополнително, сакам да најавам дека во овој момент ја припремаме проектната документација за доградба на училиштето со што, со зголемување на капацитетот сите ученици ќе одат во прва смена.Исто така, во дворот на овој објект изградивме и спортски комплекс со фудбалско и кошаркарско игралиште, терени за одбојка и за пинг понг. Продолжуваме силно и посветено со подобрување на условите во образовниот процес, бидејќи влогот во најмладите е влог во иднината“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

