Европа
Чешка: Не гледаме проблем Украина да ја таргетира Русија со нашето оружје

Чешкиот министер за надворешни работи изјави за новинарите дека неговата земја нема „никаков проблем“ со тоа што Киев користи муниција обезбедена од Прага за да погоди цели на руска територија.
„Чешка нема проблем со тоа што Украина се брани од агресори“, изјави Јан Липавски пред состанокот на министрите на НАТО во чешкиот главен град.
Ова ги вклучува и „нападите кои нужно мора да се изведат на руска територија“, продолжи Липавски. „Тоа е правилото за испорака од Чешка“.
Министрите за одбрана на Европската унија претходно во вторникот не успеаја да постигнат консензус околу дозволувањето на Украина да користи западно оружје за да ја нападне руската територија, за што рускиот претседател Владимир Путин рече дека би било „игра со оган“.
Членките на ЕУ веќе се согласија колективно да обезбедат воена помош за Украина. И додека некои земји обезбедуваат оружје на земја зафатена од војна со минимални барања, други го прават тоа под услов оружјето да се користи само на украинска територија. Киев тврди дека мора да ја таргетира Русија бидејќи таа ја напаѓа Украина од нејзина територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз.
Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.
🚨BREAKING🚨:LISBON FUNICULAR DERAILS 🚋
Close-up footage shows the Elevador da Glória, one of the city’s most iconic trams, after it jumped the tracks in central Lisbon. Emergency services rushed to the scene, with at least 3 fatalities confirmed. pic.twitter.com/zZ3D03PAXi
— The_Independent (@TheIndeWire) September 3, 2025
Полицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со жичницата, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалистичката полиција.
Компанијата за јавен превоз во Лисабон, „Карис“, објави дека се извршени сите редовни инспекции на жичницата – големи четиригодишни, привремени двегодишни, како и дневни, неделни и месечни проверки.
И покрај редовните проверки, изјавите на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, поради што жичницата се превртела по стрмна улица и се урнала во зграда.
#ÚLTIMAHORA ⚠️ Varios heridos en #Lisboa al descarrilar el Ascensor de la Gloria, uno de los funiculares más populares de la capital portuguesa.#Portugal #Lisbon pic.twitter.com/OtM2dOhTDe
— eSPAINews (@eSPAINews_) September 3, 2025
Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружеле на социјалните мрежи покажале дека светло жолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.
„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза д’Аво. „Но, излета од кривината и се урна во зграда.“ Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“. „Ја удрила зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки“, рече таа.
Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.
фото: принтскрин
Европа
Захарова го нападна финскиот претседател: „Не знам како Финците сè уште го толерираат“

Изјавите на финскиот претседател Александар Стуб за победата над СССР во 1944 година се опскурантизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, прашувајќи се како е можно „Финците сè уште да го трпат тоа“.
Захарова ги даде овие забелешки во интервју на маргините на Источниот економски форум, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Реакцијата на Москва дојде откога Стуб во интервју за „Економист“ изјави дека Финска ја добила војната со Советскиот Сојуз во 1944 година затоа што успеала да ја зачува својата независност.
„Видете ги изјавите на Стуб, претседателот на Финска. До што дојде тој? Дека тие, Финците, дури и не знам како Финците сè уште го толерираат, склучија договор со Русија, со Советскиот Сојуз, во 1944 година, а сега веќе дојде до точка дека Финска наводно извојувала победа над Советскиот Сојуз во 1944 година. Ова е генерално некаков опскурантизам, едноставно е исто како да се каже дека два пати два е четириесет и осум, разбирате ли?“, рече таа.
Захарова додаде дека ваквите изјави се дозволени затоа што денес тоа е посакувано.
фото: принтскрин