Спорт
Артета ја пронајде „деветката“ во Бундеслигата
Во последните недели се шпекулираше дека Милан е блиску до доведување на словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко од Лајпциг, но ситуацијата значително се промени.
Британски „Мирор“ тврди дека голгетерот на Лајпциг постигнал договор со Арсенал и дека лондонскиот клуб го има полесниот дел од работата – да се договори со член на Бундеслигата.
Шешко (20) би требало да заврши во Арсенал за цифрата од 45.000.000 фунти, иако Челзи и Манчестер Јунајтед беа подготвени да дадат слична понуда до Лајпциг, истакнува „Мирор“.
Финансиски, Милан немаше никакви шанси во вакво натпреварување, иако прв стапи во контакт со агентот на словенечкиот фудбалер.
Шешко во неодамна завршената сезона постигна 14 гола во Бундеслигата, а вкупно 18 во сите натпреварувања.
Тој ќе биде еден од главните адути на Словенија на Европското првенство, каде избраниците на Матјаж Кек во Ц групата каде ривали им се Србија, Англија и Данска.
Приоритет на Арсенал во претстојниот преоден рок е доведување на врвен напаѓач и навистина се чини дека Шешко е вистинскиот избор. Најдобрите фудбалски години се пред него, а неговиот стил треба да „легне“ со тимот на Микел Артета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.
Спорт
Интересно ветување на Паоло Фонсека за новинарите
Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред првиот натпревар во Лигата на шампионите во кој Милан во вторник ќе се соочи со Ливерпул.
Тренерот на Милан им даде интересно ветување на новинарите пред натпреварите со Ливерпул во Лигата на шампионите и Интер во Серија А.
Фонсека изјави дека иако има два меча за краток период, на двата натпревари можат да играат исти играчи, но дека дефинитивно ќе размисли за ротација.
„Имаме три натпревари оваа недела и треба да размислиме за се. Утрешниот е најважен, но не можам да заборавам дека овој викенд играме дерби во Серија А“, изјави Фонсека.
А потоа дојде ветувањето на новинарите:
„Ако ги победиме двата натпревари, ветувам дека ќе ви донесам „пастел де ната“ на прес-конференцијата“, рече Фонсека со насмевка.