Европа
Песков: Западот ја провоцира Украина, сето ова ќе има последици
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера рече дека изјавите на претставниците на земјите од НАТО за употреба на западно оружје за напад на цели на руска територија ја провоцира Украина да продолжи со „бесмислена војна“.
„Земјите кои се членки на НАТО, особено САД, заедно со другите во последните денови и недели, ги подигнуваат тензиите на ново ниво“, изјави Песков пред новинарите, пренесува порталот Медуза.
„Тие на секој можен начин ја провоцираат Украина да ја продолжи оваа бесмислена војна“, рече Песков.
„Тие самите имаат намера да ја продолжат оваа војна против нас – буквално и фигуративно. Сето ова, се разбира, неизбежно ќе има последици. И на крајот, тоа ќе предизвика голема штета на интересите на оние земји кои одлучија да ги зголемат тензиите“.
По новата руска офанзива во регионот Харков, украинските власти побараа дозвола за напад на воени цели во Русија користејќи западно оружје. Неодамна, се повеќе западни политичари бараат тоа да и се овозможи на Украина. Обединетото Кралство и Франција и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел за напад на руска територија
САД се спротивставија на употребата на западно оружје за напад на руска територија, плашејќи се дека тоа би можело да доведе до директен конфликт со Русија, но Си-ен-ен објави дека Бајден и дал дозвола на Украина да користи американска муниција за напад на руска територија се додека таа погодува само блиски цели во близина Харков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Татко и син од Хрватска со автомобил удриле во камион во Италија, и двајцата загинаа
Две лица од околината на Крижевци загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава, нешто пред 5.15 часот, на автопатот на северот на Италија.
Како што неофицијално дознава „Подравски.хр“, загинале двајца мажи, татко и син на 40 и 65 години, а несреќата се случила помеѓу Сан Џорџо ди Ногара и Латисана во правец кон Венеција.
Италијанските медиуми пишуваат дека до судирот дошло кога автомобил на лентата за престигнување силно се залетал и удрил во камионот што се движел пред него.
„Според првите информации, двете возила се движеле во иста насока, на средната лента за престигнување, во моментот на несреќата сообраќајот се одвивал нормално. Од засега неутврдени причини патничкото возило удрило во задниот дел од камионот што се движел пред него“, опишале тие. Италијанците додале дека пожарникарите ги извлекле Хрватите од автомобилот и дека ги реанимирале, но повредите биле претешки.
На местото на несреќата пристигнаа сообраќајна полиција, пожарникари, хеликоптерска брза помош, итната медицинска помош и работници на автопатот.
Европа
Французинот што донел 50 мажи да ја силуваат сопругата; еден од нив призна: Не се согласи, жал ми е
Еден од 50-те мажи обвинети за силување на Французинката Жизел Пелико во случајот за масовно силување денеска пред судот ѝ кажа дека му е жал за тоа што го направил.
Лионел Родригез е еден од малиот број обвинети што признаа дека ја силувал Пелико, која била малтретирана од десетици непознати во текот на речиси една деценија додека била во несвест, дрогирана од сопругот Доминик, без нејзино знаење.
Доминик Пелико, кој поканувал непознати мажи преку интернет во семејната куќа за да ја силуваат неговата сопруга, во понеделникот пред судот ги призна своите злосторства. „Јас сум силувач, исто како и другите (обвинети) во оваа соба“, рече тој.
Родригез, 44-годишен татко на три деца, во четвртокот ѝ се извини на 72-годишната жртва. „Извинете, не можам да го замислам кошмарот низ кој сте поминале… И јас сум дел од него. Знам дека моето извинување нема да го промени она што се случи, но сакав да ви кажам“, рече тој.
Случајот предизвика протести во Франција за поддршка на Жизел Пелико, која побара судењето да не се одржува зад затворени врати за да се открие злоупотребата.
Родригез во текот на истрагата признал дека ја силувал Жизел Пелико. На суд денеска повтори дека немал намера да ја силува, но сфаќа дека ја силувал.
„Да знаев дека не е свесна, немаше да го сторам тоа. Не разговарав со неа, па не можев да добијам нејзина согласност. Се чувствувам виновен за она што го направив“, рекол тој.
Родригез исто така се обиде да префрли дел од вината на Доминик Пелико велејќи му на судот дека го направил она што му рекол нејзиниот сопруг.
Европа
ОН: Руските напади врз енергетската мрежа на Украина го прекршуваат хуманитарното право
Руските воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина, веројатно, го прекршуваат меѓународното хуманитарно право, соопшти набљудувачката мисија на ОН, а Украинците се подготвуваат за најлошата зима од почетокот на руската инвазија.
За време на инвазијата Русија лансира стотици проектили и беспилотни летала врз украинските капацитети за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.
Првиот голем бран удар се случи во есента и зимата 2022 година, неколку месеци откако Русија ја почна својата инвазија. Нападите продолжија во текот на целата војна, иако Москва значително ја засили својата кампања од март.
Секој бран напади ги остави украинските градови без струја.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU) го фокусира својот извештај на девет брана напади помеѓу март и август 2024 година.
„Постојат разумни основи да се верува дека повеќе аспекти на воената кампања за оштетување или уништување на цивилната инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија и топлина во Украина ги прекршиле основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во извештајот.