Македонија
Кожувчанка со ново освежување: Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active!

Со гордост ви претставуваме уште еден новитет од Компанијата, едно освежително проширување на Фамилијата Кожувчанка!
Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство!
Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active:
– Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, релаксира и ослободува од напнатост со што позитивно влијае на имунолошкиот систем. Со додаток на витамин B6, Кожувчанка Wellness допринесува и за создавање на црвените крвни зрнца!
– Кожувчанка Active се произведува со додаток од екстракт од гуарана и женшен. Тие, како природни извори на енергија, го подобруваат вашиот ментален и физички капацитет. Кожувчанка Wellness содржи витамин B12 и B6, коишто придонесуваат за нормално искористување на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста!
Газираните води Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active може да ги најдете во амбалажа од 0,5L и 1,5L погодни за секоја прилика, без разлика дали сакате да се освежите по тренинг или да уживате во текот на денот на работа или дома.
Секогаш, во секое време имате потреба од вода, освежување, минерали и витамини!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.