Спорт
(Видео) Дубоа со технчки нокаут го победи Хрговиќ
Даниел Дубоа го победи Филип Хрговиќ и стана стана привремен светски шампион на ИБФ. Дубоа дојде до победата во осмата рунда кога судијата по консултација до докторот реши да го прекине мечот.
Во првите шест рунди се водеше голема борба во која и двајцата боксери си зададоа бројни тешки удари. Сепак, се чинеше дека Дубоа многу подобро се справува со нив од Хрговиќ. Британецот во втората рунда му нанесе повреда на лицето на Хрговиќ.
Ова му создаде проблеми на хрватскиот боксер во продолжението од мечот.
Во седма рунда, Дубоа му зададе неколку сериозни удари на Хрговиќ, кого конгот го спаси од нокаут. Сепак, не можеше да се спаси во осмата, кога судијата го повика лекарот на консултација, а тој заклучи дека Хрговиќ не може да го продолжи натпреварот поради повредите на лицето.
.@DynamiteDubois lit up Hrgović 🧨#QueensberryVsMatchroom pic.twitter.com/TdNL0pQguq
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) June 2, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милевски и Барди: Македонија се прашува за првото место во групата
Извор/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата на нации против Летонија. Во пресрет на натпреварот, во Рига, прес конференција одржаа селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди.
„Летонија има максимален респект од нас. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата.
Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.
Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме.
Македонија која јас ја замислувам секогаш ќе се стреми да игра на победа. Овие момци ја добиваат и ја заслужуваат целата почит. Без разлика дали играат во своите клубови или не, го даваат својот максумум кога играат за Македонија“, рече селекторот Милевски.
Капитенот Енис Барди го дели оптимизмот на селекторот во пресрет на утрешниот меч.
Барди беше дел од претходниот дуел на Македонија против Летонија во септември 2019 година во квалификациите за Европското првенство. Нашиот капитен постигна гол во победата од 2:0 во Рига.
„Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап.
Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“.
Спорт
ФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета
Ѕвездата на Вест Хем и репрезентативец на Бразил, Лукас Пакета би можел да добие доживотна суспензија поради вмешаност во скандал со обложување.
Пакета е официјално под истрага од 18. август 2023 година, а беше обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) на 23. мај 2024 година.
Иако Пакета тврди деја не е виновен, еден настан доведе до сериозен скандал по кој ФА побара доживотна казна за овој фудбалер.
Имено, според британските медиуми, откако телефонот му бил вратен по првичната проверка (која наводно траела околу осум недели), тој го фрлил уредот и купил нов, без да ги извести надлежните.
Истражувачкиот тим по неколку недели повторно се обидел да го земе телефонот на Пакета за да направи дополнителни анализи, но бил спречен во тоа, поради што Пакета е обвинет за „попречување на истрагата“ и несоработка со истражителите.
Пакета оваа сезона одигра седум натпревари за Вест Хем.
Спорт
Кампацо сепак ќе игра против Партизан
Челниците на Реал ја обжалија суспензијата од еден натпревар за Факундо Кампацо во Евролигата и Аргентинецот доби дозвола да игра против Партизан.
Дисциплинската комисија на Евролигата го прифати барањето на Реал Мадрид и со тоа плејмејкерот помина без санкција поради нападот врз судиите на мечот против Баерн.
Реал утре од 20.45 часот ќе го пречека Партизан во второто коло, во Евролигата.