Контакт

Македонија

Делови од Радишани и Волково без струја

Објавено пред

ЕВН Македонија АД извести дека н 3 јуни ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од Волково лоцирани на потегот од кружниот тек кон село Кучково. (општина Ѓорче Петров )

– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ѓоре Ѓоревски, лоцирани на третиот влез во населба Радишани. (општина Бутел )



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ни претстои уште една сончева октомвриска седмица

Објавено пред

Времето во понеделник ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од четврток по котлините ќе има услови за појава на утринска магла, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска како главни проблеми на локалната власт ги посочи политичкото мешање и ограничените финансии

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска, на покана на Европскиот комитет на региони присуствуваше на 162. Пленарна седница во Европскиот парламент во Брисел, каде ги посочила предизвиците со кои се соочуваат институциите на локално ниво во земјава, соопштуваат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што стои во соопштението, Арсовска во своето обраќање истакнала дека главните предизвици со кои се соочува локалната самоуправа се политичкото мешање во нивната работа, обидите за влијание врз независноста на локалните институции од страна на централната власт, како и ограничените финансиски ресурси.

– Главни предизвици со кои се соочува локалната самоуправа се политичкото мешање во нивната работа и обиди за влијание врз независноста и интегритетот на локалните институции од страна на централната власт, но и ограничените финансиски ресурси и капацитети. Во заклучоците воедно акцентирани се и забелешките за еднаквост и правичност, оваа година има значителен пад на статусот на жената во локалната власт, а младите девојки и жени се обесхрабрени да учествуваат, знаејќи дека немаат системска поддршка и заштита од родово базирано насилство, што се рефлектира и преку големиот пад на процентот на жени градоначалници низ Европа, истакнала Арсовска.

Локалната власт во Македонија, додава, е составен дел на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и севкупната рамка на управување. Вели локалните власти значително можат да придонесат кон аспирациите за членство во ЕУ, за што е неопходно зајакнување на локалните институции, промовирање на граѓанскиот ангажман и справување со уникатните потреби на локално ниво.

– Поради говорот на омраза, сајбер насилството, закани и континуираната загриженост за личната безбедност, бројот на жени градоначалници во Европа падна од 25 на 16%, во земјите од Југоисточна Европа на 8,3%, додека во Македонија на рекодно најниско за Европа на 2 отсто. Локалната власт во Македонија е составен дел на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и севкупната рамка на управување. Локалните власти значително можат да придонесат кон аспирациите за членство во ЕУ, за што е неопходно зајакнување на локалните институции, промовирање на граѓанскиот ангажман и справување со уникатните потреби на локално ниво. Тековните напори за унапредување на децентрализацијата, подобрување на локалното управување и поттикнување меѓуетничка соработка ќе бидат од суштинско значење за градење стабилно, демократско и просперитетно општество кое ќе се усогласи со вредностите и стандардите на ЕУ, истакнала Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: ДУИ се согласија да се укине балансерот, а сега бараат причина за дестабилизиција

Објавено пред

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине. ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии. Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација. ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност. И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики. ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува. И Европската Комисија нотираше дека  балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде“, додава Петрушевски.

Тој вели дека Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија6 часа

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ7 часа

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија7 часа

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта (ВИДЕО)

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија8 часа

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа9 часа

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион12 часа

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија1 ден

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија1 ден

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија1 ден

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија1 ден

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија1 ден

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија1 ден

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет1 ден

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет1 ден

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...

Топ2 дена

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија2 дена

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ2 дена

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...