Македонија
„ЈК Травел“ и СОС Детско село потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш – ‘ЈК Травел’ донира на СОС Детско село“
ЈК Травел и СОС Детско село, потпишаа договор за продолжување на кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира на СОС Детско Село“.
И оваа година, ЈК Травел, како општествено одговорна компанија, и лидер на пазарот во туризмот, се обврза да донира средства за СОС Детско Село, со секој уплатен аранжман, а воедно со тоа да даде и директна поддршка на сите деца и згрижувачки семејства од оваа институција.
„Благодарност до нашиот партнер ЈК Травел што втора година ја реализира оваа кампања. За нас од СОС Детско село ваков тип на кампањи помагаат во зголемување на свесноста за нашата кауза кај пошироката публика но и претставува важна потпора за обезбедување на квалитетна поддршка на над 75 згрижувачки семејства и над 120 деца и млади..”- велат од СОС Детско село.

ЈК Травел, оваа година го слави својот осумнаесети роденден, а кампањата одлучи да ја започне со потпишување на договор за донација на СОС Детско Село со секој уплатен туристички аранжман.
„На овој начин сите лојални клиенти кои низ изминативе осумнаесет годините летуваат со ЈК Травел се директни поддржувачи на оваа донација, за што сме искрено благодарни“ – изјавија од ЈК Травел.
Кампањата е предвидено да трае три месеци, со што се опфаќа и летната туристичка сезона кога има најголем број на туристички аранжмани, а донацијата ќе биде од помош за СОС Детско Село, институција која на многу пати покажала дека хуманоста и грижата за децата значи основа за унапредување на општеството и воспоставува стандарди кои се за восхит.

Воедно, ова е повик и до останатите компании од Македонија да се вклучат активно во поддршката на здруженијата кои имаат потреба од помош, бидејќи заедно можеме да изградиме подобар свет за нашите деца, да промовираме хумани вредности и грижа како темел на успехот на сите нас.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

