Контакт

Регион

(Видео) Проговори осомничениот за смртта на 2-годишната Данка, вели дека е невин

Објавено пред

Срѓан Јанковиќ негира дека ја убил Данка Илиќ.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, 4.6.2024 година, во просториите на Вишото јавно обвинителство во Заечар беше сослушан осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој целосно го негира извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението на Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Девојчето Данка Илиќ беше убиено на 26 март годинава. Јанковиќ беше уапсен на 4 април 2024 година под сомнение дека ја убил Данка заедно со колегата Дејан Драгијевиќ.

Иако по апсењето се чинеше дека случајот бргу ќе се разреши, истрагата заглави во ќор-сокак. Телото на девојчето до денес не е пронајдено. Како што објави порталот „Нова.рс“ пред дваесетина дена, на ниту еден од предметите запленети во истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Србија не се пронајдени биолошки траги од неа.

Српскиот портал напиша дека биле прегледани над 400 траги пронајдени во службеното возило за кои постои сомневање дека ги користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога наводно го удриле девојчето.

„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор отстранети се повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, ниту во самиот автомобил, ниту на надворешните делови на возилото“, објави „Нова.рс“ на 10 мај, информација добиена од Вишото јавно обвинителство.

Регион

(Фото/Видео) Просториите на СНС во Нови Сад се целосно демолирани во вчерашните протести

Објавено пред

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови.

dobivaj vesti na viber

Некои демонстранти во Нови Сад ги демолираа канцелариите на Српската напредна партија.

Прво ги скршија прозорците, потоа влегоа во просториите и ги извадија столовите и другите предмети.

Фрлаа јајца врз просториите, а потоа ги полеаа со црвена и бела боја. Ги демолираа просториите и напишаа пораки со спреј.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Големи протести низ Србија

Објавено пред

Од

Нови големи протести се одржуваат вечерва на улиците на Србија, во сите поголеми градови.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните се собраа пред просториите на СНС, недалеку од Генералштабот, каде што беа пречекани од полициски кордон.

Активистите на СНС се исто така на местото на настанот, а во тек е вербален конфликт меѓу демонстрантите и полицијата, како и меѓу демонстрантите и активистите на СНС.

Вчера избувнаа насилни судири во Нови Сад и Белград. Поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) и Александар Вучиќ се појавија на улиците, маскирани и вооружени со палки. Антивладините демонстранти беа нападнати со огномет, а имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Во Нови Сад, маж, за кој подоцна се покажа дека е војник, извадил пиштол и пукал во воздух, тврдејќи дека демонстрантите против режимот на Вучиќ му се заканиле со живот.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Албанија размислува за прво министерство управувано од вештачка интелигенција

Објавено пред

Албанија ја интензивира употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во државното управување со цел да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија и борбата против корупцијата, соопшти владата на земјата.

dobivaj vesti na viber

Албанскиот премиер Еди Рама минатиот месец ја објави можноста за формирање министерство што целосно би било управувано од вештачка интелигенција опишувајќи ја ВИ како најефикасен иден член на владата, пишува бриселски „Политико“.

„Еден ден можеби дури и ќе имаме министерство што ќе биде целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин нема да има непотизам или судир на интереси“, рече Рама на прес-конференција во јули осврнувајќи се на дигитализацијата.

Локалните ИТ-експерти веќе развиваат модели што би можеле да се користат за избор и назначување дигитални министри, а Рама сугерира дека Албанија би можела да стане првата земја со цела влада базирана на вештачка интелигенција, вклучувајќи го и премиерот.

Иако идејата сè уште не е преведена во официјалната политика, вештачката интелигенција веќе се применува во неколку сектори на државната администрација: од контролата на јавните набавки и следењето на даночните и царинските трансакции до откривањето нелегална градба, надзор на плажите и на плантажите со канабис со помош на дронови и сателити.

Со цел да се подобри безбедноста на патиштата властите планираат да користат препознавање лица за да испраќаат дигитални предупредувања и казни до возачите.

Вештачката интелигенција се користи и во дигиталните јавни услуги – повеќе од 95 проценти од административните услуги се достапни преку порталот e-Albania, каде што на граѓаните им помага виртуелен службеник за вештачка интелигенција.

Според владини податоци, платформата овозможила повеќе од 49 милиони трансакции и им заштедила на граѓаните повеќе од 600 милиони евра.

Албанија ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2022 година, а вештачката интелигенција сега се користи за преведување и анализа на сложени правни документи во процесот на усогласувањето со законодавството на ЕУ, кое опфаќа речиси 250.000 страници.

Иако властите ги нагласуваат предностите на технологијата, експертите и опозицијата предупредуваат дека вештачката интелигенција не е замена за реформите.

Како дел од промотивните активности, вештачката интелигенција беше користена и за создавање анимирани бебешки верзии на европските лидери на самитот во Тирана во мај, кои ги пречекаа гостите со дигитални гласови на нивниот мајчин јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија14 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија15 часа

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија15 часа

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет15 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ16 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија17 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија17 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа19 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија21 час

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија23 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија23 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион23 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа23 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет24 часа

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет1 ден

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион1 ден

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет1 ден

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет1 ден

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа2 дена

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...