Спорт
Перез го продолжи договорот
Мексиканецот Серхио Перез го продолжи договорот со Ред Бул на две години. Ред Бул доминира во Светското првенство во Формула 1 во последните години, а моментално е на првото место по редослед на конструктори.
Неодамна се појавија шпекулации дека Перез би можел да го напушти Ред Бул, но возачот кој ја забележа последната победа во април 2023 година на Големата награда на Азербејџан ќе остане во Ред Бул.
„Среќен сум поради продолжувањето на договорот до 2026 година. Им благодарам на сите за довербата, секако ќе се обидам да го вратам на самата патека со добри резултати“, изјави во оваа прилика Перез.
Перез моментално е петти во вкупниот поредок на Светското првенство со 107 бодови, додека лидер е неговиот тимски колега и актуелен светски шампион Макс Верстапен со 169 бодови. По редоследот на конструктори, лидер е Ред Бул со 276 бода, додека второто Ферари има 252 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.
Познато е што и е потребно на Македонија за пласман во Топ 12. Прв услов е победа над Романија, по можност убедлива, а потоа потребен е и убедлив триумф на Данска над Португалија.
По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика +6, а Македонија -12.
Foto/ EPA
Спорт
По прославата доаѓаат казните
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај.
Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот.
Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо Ндала, кој досуди пенал за Мароко веднаш по поништувањето на голот на Сенегал. Двете одлуки беа спорни, што беше премногу за гостите и селекторот Папе Тијав ги повлече своите фудбалери од теренот.
На инсистирање на капитенот Садио Мане, играчите се вратија, Брахим Дијаз го промаши пеналот, а Сенегал на крајот победи со гол во првото продолжение.
Сепак, настаните на теренот, на трибините и во конференциската сала нема да останат неказнети. CAF објави дека ќе се спроведе истрага, по што сите одговорни ќе бидат казнети.
Бидејќи претставниците на Мароко ја добија наградата за фер-плеј, претпоставката е дека „подебелиот крај“ ќе го извлече Сенегал.
„Африканската фудбалска конфедерација го осудува неприфатливото однесување на неколку играчи и службени лица за време на финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал.
Конфедерацијата остро осудува секаков вид неприфатливо однесување за време на натпреварите, особено она насочено кон судиите или организаторите.
Ги прегледуваме сите снимки и сите докази ќе бидат доставени до надлежните органи со цел да се преземат мерки против одговорните“, соопшти CAF.
Foto/ EPA
Спорт
Лидерот Арсенал гостува кај Интер во Лигата на шампионите
Натпреварите од седмото коло од Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена.
Дербито ќе се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, силите ќе ги одмерат лидерите во Серија А и Премиер лигата, Интер и Арсенал.
Интер и Арсенал, во оваа фаза играа и минатата сезона, тогаш италијанскиот тим победи со 1:0.
Интер ги загуби последните два натпревари во Лигата на шампионите и никогаш не загубил три во својата историја, додека Арсенал бележи совршен настап – шест победи во шест натпревари во лигашката фаза.
„Топџиите“ се во серија од десет последователни победи во лигашката фаза, а им треба само уште една топка во мрежата за јубилејниот 400-ти гол во историјата на Купот/Лигата на шампионите.
ЛШ, 7.коло, вторник:
Каират-Бриж (16.30)
Боде/Глимт-Манчестер Сити (18.45)
Интер-Арсенал (21.00)
Копенхаген-Наполи (21.00)
Олимпијакос-Баер Леверкузен (21.00)
Реал-Монако (21.00)
Спортинг-ПСЖ (21.00)
Тотенхем-Борусија Дортмунд (21.00)
Виљареал-Ајакс (21.00)
Табела:

Foto/ depositphotos

