Скопје
117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за непрописно престројување при возење…“, извести МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Градоначалникот Горан Герасимовски, ги повикува центарци да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема. Општина Центар, активно го поттикнува користењето на алтернативни и еколошки превозни средства. Од 2022 година досега, доделени се 376 субвенции за велосипеди, 47 за е-велосипеди и е-тротинети, како и 7 субвенции за дополнителна опрема.
„Возењето велосипед е една од најдобрите навики што можеме да ги направиме за нашето здравје. Возењето велосипед е едноставен чекор со кој секој од нас може да придонесе за поздрава и почиста заедница. Еден велосипед повеќе значи едно возило помалку и помал метеж во сообраќајот. Ги повикувам сите центарци да аплицираат на повикот и заедно, со мали промени во секојдневието да донесеме големи придобивки за почист воздух и поздрава животна средина, да изградиме едно поубаво место за живеење“, вели Герасимовски.
Субвенцијата што се доделува изнесува 30% од вредноста на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, а за дополнителна опрема како детски седишта и заштитни кациги, граѓаните можат да добијат поддршка до 1.000 денари.
Јавниот повик е отворен од 24 март, а пријавувањето се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Правото на субвенција е еднократно, а барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.
За сите дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата на Општина Центар: centar.gov.mk.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)