Забава
Морган Фримен откри кој актер го научил на една од најголемите лекции
Денес, Морган Фримен е еден од најпрепознатливите актери во Холивуд. Тој се прослави во осумдесеттите, но во забавната индустрија е од шеесеттите.
Во текот на 70-тите Фримен се појавуваше во разни телевизиски емисии и филмови, но ништо во кое глумеше не му донесе поголемо признание во Холивуд.
Дури во доцните осумдесети актерот почна да добива повеќе критики преземајќи улоги што се разликуваат од оние што тој беше навикнат да ги игра. Smart Street од 1987 година беше пресвртница за актерот, кој за својата улога доби номинација за „Оскар“, пренесува „Индекс.хр“.
Напорите на Фримен се исплатија повеќе од сè, но тој немаше да биде таму каде што е доколку не ги проучуваше оние актери што ги сметаше за одлични. За да стане вешт актер, Фримен анализирал што ги прави неговите омилени филмови толку големи и се обидел да ги преточи своите откритија во свој пристап кон глумата.
Една од неговите омилени улоги беше онаа на Ентони Хопкинс во The Remains of the Day.
Кога Фримен го видел филмот, бил шармиран од изведбата на Хопкинс и се нашол инспириран од него. Тој истакна дека смиреноста ја научил од Хозе Ферер, но и од Хопкинс.
„Тоа е она што го учам од големите актери со кои работам: смиреност. Тоа е најтешко. Еден актер од кој го научив ова е Ентони Хопкинс. Му кажав дека тоа беше една од големите лекции за мене како актер“, откри Фримен за Film Freak Central.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и концертот насловен „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин

