Европа
(Видео) Русите објавија мапа: „Еве до каде стигнуваат американските ракети, денес ХИМАРС, утре АТАКМС“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mapa-rusija-ukraina.jpg)
Руската државна телевизија емитуваше мапа на Русија, на која се прикажани областите за кои водителката рече дека Украина може да ги нападне со оружје што го испорачува Западот.
Тоа доаѓа откако администрацијата на Бајден минатата недела изјави дека ѝ дозволила на Украина да користи американско оружје за да нападне одредени цели во Русија.
За време на емитувањето на програмата, пропагандистката Олга Скабеева реагира на случувањата со прикажување мапа на региони за кои рече дека може да бидат погодени од оружјето што ѝ се доставува на Украина.
“Сегодня Himars, послезавтра — Atacms”: у пропагандистов истерика из-за разрешения США атаковать цели на территории РФ
Скабеева утверждает, что сейчас происходит “поэтапная эскалация”. И как только россияне ответят, “НАТО и Пентагон переключатся на новые цели” pic.twitter.com/x9qaVwJ3US— Anri Tina (@Anri__Tina) June 4, 2024
„Денес ХИМАРС, утре АТАКМС“: Пропагандистите се хистерични за дозволата на САД за напад на цели на руска територија. Скабеева тврди дека сега се случува фазна ескалација.
И штом Русите одговорат, „НАТО и Пентагон ќе продолжат кон нови цели“, напиша еден корисник на X.
Мапата ги истакнува регионите по должината на украинско-руската граница, вклучувајќи ги Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск како области што би можеле да бидат нападнати, како и цели подлабоко во Русија, како што се регионите Рјазан, Тамбов и Саратов.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела предупреди дека земјите од НАТО „треба да бидат свесни дека си играат со оган“ откога ѝ дозволија на Украина да ја нападне руската територија со западно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/isceznata.jpg)
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.
Европа
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/jak-130-rusko-solsko-letalo-2.jpg)
Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.
„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.
Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот