Спорт
Лацио сака да го донесе Алегри
Игор Тудор од вчера не е тренер на Лацио. Хрватот по само три месеци го напушти клубот, откако претседателот Клаудио Лотито не се согласил со неговите планови околу тоа како треба да изгледа тимот во новата сезона.
Дел од италијанските медиуми, вчера пишуваа дека е можно Маурицио Сари да се врати во Лацио. Јасно е дека оваа опција не е возможна, но можно е на „Олимпико“ да дојде Масимилијано Алегри, кој во финишот на сезоната доби отказ во Јувентус.
Доколку не успее да се договори со него, Лотито ќе отвори преговори со Мирослав Клосе и Марко Баркони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона нама да ја има поддршка од навивачите на гостувањето во Белград
Фудбалерите на Барселона ќе бидат без подршка од своите навивачи на следното гостување во Лигата на шампионите. УЕФА го казни клубот поради расистичкото однесување на навивачите на гостувањето во Монте Карло.
Барселона во Монте Карло доживеа пораз од Монако 2:1.
„Контролното, етичкото и дисциплинското тело (ЦЕДБ) одлучи и забрани на ФК Барселона да им продава билети на своите навивачи за следниот натпревар во организација на УЕФА во согласност со член 26(3) од Дисциплинската регулатива на УЕФА“, се вели во соопштението на УЕФА.
Барселона е казнета и со 10.000 евра.
На натпреварот против Монако, на трибините на навивачите на Блауграна истакнале транспарент „Flick Heil“.
Иако пораката е упатена до тренерот Ханси Флик, тоа е јасна алузија на злогласниот нацистички поздрав „Sieg Heil“.
Следниот натпревар на гостински терен, Барселона ќе го игра во Белград против Црвена звезда на 6 ноември.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пречек за олимписката шампионка на Света Лусија
Џулиен Алфред, олимписка шампионка на 100 метри, пристигна во својата татковина Света Лусија.
Спринтерката, кој на оваа мала островска земја и ја донесе првата и најсветлата награда во историјата на најголемиот спортски настан во светот, беше пречекан како хероина.
Прославата на нејзиниот успех траеше четири дена, а денениот ден е прогласен за „Ден на Џилиен Алфред“ и во иднина ќе биде неработен ден на островот.
Големата спринтерка стана туристичка амбасадорка на малата земја која се наоѓа на Карибите, а за време на престојот Алфред посети и неколку основни и средни училишта.
Покрај златото на 100 метри, Џулиен освои и сребрен медал на трката на 200 метри.
An absolutely beautiful homecoming for Julien Alfred.🥹 pic.twitter.com/hez0ZXIOv8
— Daceᥫ᭡ (@xodee876) September 26, 2024
Спорт
Србија и Албанија ќе го организараат У21 ЕП во 2027 година
Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година, се чека само УЕФА да ја потврди оваа информација.
Ваквата одлука е сосема извесна откако истече рокот за поднесување на кандидатури, а српско-албанската апликација беше единствена.
Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 16 декември.
Како што пренесуваат медиумите ширум Европа, проект за заедничка организација на овој натпревар имале и Белгија и Турција, но на крајот се откажале од поднесување на својата кандидатура.
Предлогот на Србија и Албанија, како што е објаснето, има за цел да се надминат политичките тензии меѓу двете земји со идеја за заедничка организација на турнир со 16 селекции.
Покрај сето ова, Србија и Албанија ќе бидат домаќини и на следните два Конгреса на УЕФА.