Македонија
Мицкоски: Ајде да видиме што направи Грција овие години, нема да бидеме подлизурковци и да се понижуваме самите
Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав и тука нема никаква дилема. Секој што е дел од институциите треба да ги почитува. Како човек што ќе ја предводи владата обврзан сум да ги почитувам законите и Уставот, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов мандатар, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали стравува од влошување на односите со Грција и други земји од меѓународната заедница поради ставот за употребата на името на државата.
„Зошто би стравувал, ерга омнес ние го користиме. Очекувам да градиме добрососедски односи на принципиелна, конструктивна основа. Добрососедски односи, кои одговараат на 21 век. Немам намера талибански да се однесувам ниту, пак, очекувам некој така да се однесува. Моето човеково загарантирано право е право што е над сите права. Додека ја вршам оваа функција претседател на влада, сè што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирка. Луѓето што ме познаваат знаат дека така лесно не се изненадувам“, рече Мицкоски.
Нагласи дека јавноста треба повеќе да се насочи кон анализа на она што Грција има почитувано и спроведено од договорот.
„Ајде да видиме што тие направија во овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото, што требаше ние да добиеме. Кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име. Подготвен сум да зборувам за сè. Кај мене нема да видите да ја повторувам придавката како папагал, а зад завесата да живеам како деспот. Ако некој мисли дека може на сила нешто да ми одземе, тогаш треба да мисли и на чекорот потоа. А тоа е дека со сила работите во 21 век не се решаваат“, потенцира Мицкоски.
Нагласи дека нема да водиме провокативна офанзивна политика, туку сакаме да градиме мостови, а соседите мора да се почитуваат.
„Но, немаме намера да бидеме подлизурковци, да се понижуваме самите себе“, истакна новиот мандатар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост.
Во СДС врие и револтот веќе никој не го крие, се погласно и се поотворено членовите, активистите и поранешни функционери зборуваат дека Венко Филипче веќе нема никаков кредибилитет и дека со секој изминат ден дополнително ја тоне партијата.
Наместо да ја прифати одговорноста за најлошиот резултат на СДС во историјата на партијата, Филипче повторно бега од реалноста и вината ја гледа на друго место, освен во себе.
Со барањето други кривци за поразот и со тоа што не поднесува оставка, Филипче само покажува дека е личност без морален интегритет и доблест.
Наместо тоа, гледаме како Венко Филипче продолжува со истите партиски комбинации, со истите луѓе и со истите веќе видени матрици. Изборот на Александар Трајановски за негов заменик, е уште еден обид да се зачува влијанието на Заев, односно таа партиска матрица и влијание што СДС го доведе до колапс.
Партиските членови, активисти и симпатизери, но и граѓаните гледаат дека вакво раководство нема ниту план, ни визија, ниту пак сила и доблест за промени.
Едно е сигурно, СДС со ваков партиски врв оди во уште поголема пропаст и ако продолжи да ги штити истите луѓе кои ја урнаа партијата, ќе исчезне од политичката сцена побрзо, сакале тие да признаат или не“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: Роднини на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите
Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица.
Покрај новинарските екипи еден час пред почетокот на судењето пред новата судница во Идризово се дојдени роднини и семејства на загинатите. Молкум ги гледаат полициските комбиња во кои пристигнуваат обвинетите.

Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница било кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Според обвинителниот акт, со години се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери.
Македонија
По осум месеци од трагедијата, почнува судењето за пожарот „Пулс“ – обвинети се 34 лица
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува денеска, во судницата во затворот „Идризово“.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави минатата недела Коцевски.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница било кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Според обвинителниот акт, со години се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери.

