Спорт
Нептун Македонија: Стадионско искуство за ЕУРО 2024
Среќа, еуфорија, солзи, гнев, дебатирање во кафеана, коментирање на кауч и енергично навивање… сето тоа ќе го доживееме во вистинска смисла од 14 јуни до 14 јули, кога ќе се одржи најважната споредна манифестација на светот – Европското фудбалско првенство Еуро 2024. Светот ќе застане за фудбалерите и фудбалските фанови, но и не само за нив.
Веруваме дека веќе се организирате за ЕП 2024, но дали и вашиот дом е подготвен?
За целосно да уживате во овој спортски настан, треба да ја подготвите вашата домашна опрема за навивање. А за да не мора да се грижите за ништо, Нептун Македонија подготви непобедлива понуда на врвни ТВ уреди, за добар увид во најважните спортски моменти.
Одлучете мудро и што поскоро, бидејќи неверојатните попусти за најспектакуларното доживување траат само до 16 јуни!
Решете се за еден од новите телевизори што ќе ви донесе стадионско искуство за следење на играта. Нептун нуди уреди со напреден режим што совршено се прилагодуваат и го разбираат она што го гледате, трансформирајќи ја сликата за секој детал од теренот да го видите кристално јасно, како да сте таму. Новата ЕП 2024 понуда на телевизори во Нептун ќе ве „пренесе“ на теренот, во центарот на акцијата, со слика подеднакво совршена од секој агол. Резултатот – јасен преглед на секоја акција, секој шут и секој фаул каде и да седите во просторијата.
Во годината на фудбалот и годината на спортот воопшто, Дарко Панчев и Артим Шаќири, едни од најголемите македонски фудбалери на сите времиња, се вклучуваат во акцијата на Нептун за поддршка и култивирање на љубов кон овој високоинтензивен спорт, кој е повеќе од игра, и е глобален и социјален, културен феномен.
И двајцата се согласуваат во уверувањето дека фудбалот е најмалиот заеднички содржател во животот на многумина, сврзно ткиво и јазик што сите го разбираат.
А ние знаеме дека од 14 јуни, натаму, животот ќе застане во многу домови, а повеќето ќе калкулираат сè во однос на распоредот на натпреварите, бидејќи… сè друго може да почека. Затоа посетете ја навреме веб-страната на Нептун или најблиската продавница, изберете го вашиот соиграч и обезбедете победа на домашен терен!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска
Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Хернинг, го игра клучниот натпревар, во првата фаза на 17-то Европско првенство. Од 18 часот, Макеоднија ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
Македонија, по нерешениот резултат со Португалија (29:29), ги задржа шансите за пласман во главната фаза. Вечерва ќе биде познато дали избраниците на Кирил Лазаров ќе продолжат во главната фаза, во група со Франција, Норвешка, Германија, Шпанија и Данска.
Познато е што и е потребно на Македонија за пласман во Топ 12. Прв услов е победа над Романија, по можност убедлива, а потоа потребен е и убедлив триумф на Данска над Португалија.
По првите две рунди во Б групата, Португалија има гол разлика +6, а Македонија -12.
Foto/ EPA
Спорт
По прославата доаѓаат казните
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) издаде соопштение по финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, кој имаше скандалозен крај.
Фудбалерите на Сенегал го кренаа вториот трофеј во последните три учества на континенталното првенство со минимален триумф (1:0), над домаќинот Мароко, а малку фалеше Сенегалците да не го доиграат натпреварот.
Виновник за циркузот на стадионот во рабат, беше конгоанскиот судија, Жан-Жак Нгамбо Ндала, кој досуди пенал за Мароко веднаш по поништувањето на голот на Сенегал. Двете одлуки беа спорни, што беше премногу за гостите и селекторот Папе Тијав ги повлече своите фудбалери од теренот.
На инсистирање на капитенот Садио Мане, играчите се вратија, Брахим Дијаз го промаши пеналот, а Сенегал на крајот победи со гол во првото продолжение.
Сепак, настаните на теренот, на трибините и во конференциската сала нема да останат неказнети. CAF објави дека ќе се спроведе истрага, по што сите одговорни ќе бидат казнети.
Бидејќи претставниците на Мароко ја добија наградата за фер-плеј, претпоставката е дека „подебелиот крај“ ќе го извлече Сенегал.
„Африканската фудбалска конфедерација го осудува неприфатливото однесување на неколку играчи и службени лица за време на финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал.
Конфедерацијата остро осудува секаков вид неприфатливо однесување за време на натпреварите, особено она насочено кон судиите или организаторите.
Ги прегледуваме сите снимки и сите докази ќе бидат доставени до надлежните органи со цел да се преземат мерки против одговорните“, соопшти CAF.
Foto/ EPA
Спорт
Лидерот Арсенал гостува кај Интер во Лигата на шампионите
Натпреварите од седмото коло од Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена.
Дербито ќе се одигра на „Џузепе Меаца“ во Милано, силите ќе ги одмерат лидерите во Серија А и Премиер лигата, Интер и Арсенал.
Интер и Арсенал, во оваа фаза играа и минатата сезона, тогаш италијанскиот тим победи со 1:0.
Интер ги загуби последните два натпревари во Лигата на шампионите и никогаш не загубил три во својата историја, додека Арсенал бележи совршен настап – шест победи во шест натпревари во лигашката фаза.
„Топџиите“ се во серија од десет последователни победи во лигашката фаза, а им треба само уште една топка во мрежата за јубилејниот 400-ти гол во историјата на Купот/Лигата на шампионите.
ЛШ, 7.коло, вторник:
Каират-Бриж (16.30)
Боде/Глимт-Манчестер Сити (18.45)
Интер-Арсенал (21.00)
Копенхаген-Наполи (21.00)
Олимпијакос-Баер Леверкузен (21.00)
Реал-Монако (21.00)
Спортинг-ПСЖ (21.00)
Тотенхем-Борусија Дортмунд (21.00)
Виљареал-Ајакс (21.00)
Табела:

Foto/ depositphotos

