Спорт
Само 10 возачи во Ф1 имаат тим за наредната сезона
Само три тима ги комплетираа поставите за натпреварувачката 2025, во шампионатото на Формула. Ова кажува дека не очекува интересен преоден рок.
Ред Бул го продолжи договорот со Серхио Перез, што значи дека тој и понатаму ќе му биде тимски колега на Макс Ферстапен. Од претходни е познато дека Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе продолжат да возат за Мекларен.
Јасна е и ситуацијата во Ферари, покрај Шарл Леклер ќе вози седум кратниот светски првак, Луис Хамилтон.
Од комбинација кај Ферари испадна Карлос Саинц јуниор, за многумина најпотценетиот возач во Формула 1. Шпанецот долго време се поврзуваше со Мерцедес, па и со Ред Бул, но како што сега стојат работите тој кариерата ќе ја продолжи во Вилијамс.
Вилијамс со години е еден од најслабите тимови, но очигледно имаат големи очекувања од сезоната 2026 кога ќе започнат да се применуваат новите правила. Токму поради тоа тие го носат Саинц. Трансферот треба да биде објавен во текот на викендот за трката на Големата награда на Шпанија.
Колега на Саинц ќе му биде Александер Албон.
За 2025 година по едно слободно место има во Мерцедес, Астон Мартин и Заубер, а засега без дефинирана постава се Хас, РБ и Алпин.
Џрџ Расел останува во Марцедес, а Фернандо Алонсо во Астон Мартон. Медиумите тврдат дека Ленс Строл нема повеќе да му биде колега на Алонсо, но малку кој верува во ова бидејќи газда на Астон Мартин е таткото на Ленс Строл.
Интересно е што Алпин нема возачи за следната сезона, бидејќи Окон и Гасли си заминуваат, а истата ситуација е и во Хас.
Нико Хулкенберг се сели Заубер, што значи дека во овој тим има уште едно слободно место, а Магнусен останува без договор.
Ниту РБ Хонда нема возачи, Јуки Цунода можеби и ќе остане бидејќи бележи добри резултати оваа сезона, додека неизвесна е судбината на искусниот Даниел Рикардо.
The constructors' champions lock in their line-up 🔒
Here's how the 2025 grid is shaping up 🏁#F1 pic.twitter.com/TKRT5uviuV
— Formula 1 (@F1) June 4, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати се петорките за Ол стар натпреварот
Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс.
Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови.
Тројца играчи прв пат ќе бидат стартери во тимот на Источната конференција: Тоа се Канингем (Детроит), Мекси (Филадлефија) и Браун (Бостон). Покрај нив во петорката се бекот на Њујорк, Брансон и крилото на Милвоки, Адетокумбо.
Што се однесува до Западот, во петорката само Стеф Кари е Американец. Тројца доаѓаат од Европа: Јокиќ, Дончиќ и Вамбањама, а еден од Накада, Гилџес-Александер.
Отсуството на Леброн Џејмс од стартната петорка е секако новост, по 20 години тој нема да биде стартер на Ол-стар натпреварот.
Комплетните состави ќе бидат објавени во следните неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вориорс го декласираа Мајами – Се повреди Џими Батлер
Голден Стејт Вориорс, скапо ја платија убедливата победа над Мајами Хит со 135:112. Поранешниот играч на Мајами, Џими Батлер, поради повреда го напушти теренот.
Еден од главните играчи на франшизата, Џими Батлер, незгодно се приземји и, судејќи според она што беше видено, сериозно го повреди коленото. Крилниот играч испушти болен крик, а неговите соиграчи го изнесоа од теренот.
„Се молиме сè да биде во ред“, рече тренерот на Вориорс, Стеф Кари, кратко по натпреварот.
Батлер заврши со 17 поени, Кари имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 асистенции, а најефикасен беше Брендин Подземски, кој постигна 24 поени, имаше шест скока и четири асистенции.
На другата страна, Норман Пауел беше најефикасен со 21 поен, по него следеа Ендру Вигинс со 18, Келел Вер со 15 и Италијанецот Симоне Фонтекио со 13 поени и осум скока.
Резултати:
Атланта – Милвоки 110:112
Кливленд – Оклахома 104:136
Вашингтон – ЛА Клиперс 106:110
Њујорк – Далас 97:114
Сан Антонио – Јута 123:110
Филаделфија – Индијана 113:104
Бруклин – Феникс 117:126
Детроит – Бостон 104:103
Foto/ depositphotos
Спорт
Сити го официјализира трансферот на Марк Геи
Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити.
Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул.
Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година.
Дефанзивецот е второто засилување на „Граѓаните“ во јануари, по Антонан Семењо, кој веќе дебитираше за тимот на Пеп Гвардиола.
Сити плати 20 милиони фунти за овој трансфер, а договорот вклучува и клаузула за процент на следната продажба. За Кристал Палас, ова е одлична зделка бидејќи Геи по завршувањето на сеозната ќе го напуштеше клубот како слободен играч.
It's a done deal ✅ pic.twitter.com/dN0gwtzaP8
— Manchester City (@ManCity) January 19, 2026
Разликата во понудата на Сити во споредба со Ливерпул и Баерн, кои исто така беа заинтересирани, се чини дека е неделната плата што Геи ќе ја има во Сити, 300.000 фунти. Што би значело дека Сити подготвил 1,3 милиони месечно или 15,6 милиони фунти годишно.
Талентираниот дефанзивец одигра 188 натпревари за Кристал Палас, постигна 11 голови и го освои ФА Купот.

