Свет
Захарова: САД нема да може да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје

Официјален Вашингтон нема да може да ја избегне одговорноста што ѝ дозволила на Украина да користи американско оружје за напади врз цели на територијата на Руската Федерација, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема да може да ја избегнат одговорноста користејќи лаги и лицемерство“, рече Захарова на брифинг со новинарите, пренесува „РИА новости“.
Според неа, само неколку часа откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен им дозволил да нападнат цели на руска територија, вооружените сили на Украина ги таргетирале станбените области на Белгород користејќи американски ракети „Химарс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка: Кинеското разузнавање се обидува да регрутира наши владини службеници

САД предупредуваат дека кинеското разузнавање користи измамнички методи за регрутирање сегашни и поранешни функционери на американската влада. Предупредувањето од Националниот центар за контраразузнавање и безбедност доаѓа во време на масовни отпуштања во федералните институции.
„Странските разузнавачки ентитети, особено оние во Кина, ги таргетираат сегашните и поранешните вработени во американската влада за цели на регрутирање, претставувајќи се како консултантски фирми, корпоративни ловци, тинк-тенкови и други ентитети на социјалните и професионалните мрежи за вмрежување“, се вели во билтенот на центарот.
Центарот вели дека измамничките огласи за работа преку Интернет и другите пристапи станале пософистицирани во таргетирањето на поединци со искуство од владата на САД кои бараат ново вработување. Тој ги предупреди сегашните и поранешните вработени за ваквите пристапи.
Центарот додава дека поранешните вработени се обврзани да ги заштитат доверливите информации дури и откако ќе ја напуштат работата во федералните институции. Кинеското Министерство за надворешни работи одговори дека не е запознаено со ситуацијата и ги обвини САД за шпионирање на Кина.
Портпаролот на Министерството Лин Џијан ги нарече дејствијата на САД „неодговорни практики“ и рече дека тоа е „глобална шпионажа без никаква маска“. Ројтерс претходно објави за мрежа на компании управувана од тајна кинеска технолошка компанија која се обидувала да вработи неодамна отпуштени вработени во американската влада.
Европа
ЕУ денеска гласа за контрамерки на првите царини на Трамп

Сите 27 земји-членки на Европската унија се очекува да одобрат сеопфатна листа на американски производи кои ќе бидат предмет на царини почнувајќи од следната недела, како одговор на царината од 25 отсто што ја наметна актуелниот американски претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум минатиот месец.
Европските тарифи ќе се воведат во три фази:
Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал. Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.
Првично, овие мерки требаше да стапат на сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за договор без царини.
Втората фаза, која ќе започне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.
Третата фаза е закажана за 1 декември, кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.
Во меѓувреме, денеска стапија на сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела.
Свет
Германски новинар осуден на затвор, ја исмеал министерката за внатрешни работи

Главниот уредник на германскиот портал „Дојчландскурир“ Дејвид Бенделс е осуден на седум месеци условна казна затвор поради објавување фотомонтажа од германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
Окружниот суд во Бамберг го осуди Бенделс на седуммесечна условна затворска казна, пренесува Tagesspiegel.
„Дојчландкурир“ со фотомонтажа на социјалните мрежи ја исмеа германската министерка за внатрешни работи. На фотомонтажата Фесер е прикажана како држи транспарент пред телото на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“.
🇩🇪GERMAN EDITOR GETS PROBATION FOR FAKE “I HATE FREE SPEECH” SIGN
David Bendels, editor of the Deutschland-Kurier, got 7 months’ probation for photoshopping Interior Minister Nancy Faeser into a meme holding a sign that read “I hate freedom of speech.”
The original pic showed… https://t.co/NAXIuAn2Hq pic.twitter.com/f9uIK9jiJM
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) April 7, 2025
Според мислењето на судот, ова оставило впечаток дека се работи за цитат од самата Фесер и било забележано дека не е очигледно дека станува збор за сатиричен пост.
Бенделс е осуден за клевета против политички личности. Мора и писмено да и се извини на министерката.
Бенделс најави дека има намера да поднесе жалба на пресудата.
„Нема да ја прифатам оваа пресуда и ќе се бранам со сите правни средства што се на располагање“, напиша тој на социјалните мрежи.