Регион
Додека тој лажно ги масирал, жената пребарувала во собите и крадела: брачен пар од Загреб проневерил над 10.000 евра

Полицијата во Загреб пријавила 35-годишна жена и 55-годишен маж, кои се осомничени дека извршиле пет дрски кражби на сметка на постари лица во вкупна вредност од 18.300 евра. Тие се осомничена за злосторствата што ги извршиле од крајот на март до крајот на мај годинава.
Кривичните дела се сторени на тој начин што 35-годишната жена првин телефонски им все јавувала на постари граѓани и лажно се претставувала како вработена во медицината, при што оштетените ги довела во заблуда дека дава услуги за масажа.
Потоа тие ги посетувале жртвите во нивните станови, при што 55-годишниот маж симулирал масирање на жртвите и им го одвлекувал вниманието, а 35-годишната жена пребарувала во собите, плакарите и во чантите и крадела пари.
Од ПУЗ посочуваат дека проневериле суми од 60 до 12.000 евра и дека по спроведена кривична истрага, тие се предадени на притворската полициска единица, а посебен извештај е поднесен до надлежното општинско кривично државно правобранителство.
Од полицијата додаваат дека кривичната истрага продолжува бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе облека, како и поголеми суми пари и златен накит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.