Македонија
Турист од Холандија удрил во камен во водите на Охридското Езеро, бил пренесен во охридската болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ohridsko-ezero-meteo.jpg)
Преку повикувачкиот број за итни повици 112 околу 12 часот била добиена дојава за повредено лице, кое удрило во камен во Охридското Езеро.
Со кајче било пренесено до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.
За итниот случај од страна на ЦУК веднаш била известена Итната медицинска помош.
Лицето, како што информира ЦУК, веднаш било преземено од нивна страна и е пренесено во болницата во Охрид на одделот за хирургија.
Според последните информации од ЦУК, лицето е надвор од животна опасност.
ЦУК соопшти дека повредениот е странски државјанин од Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/koce-trajanovski.jpg)
Коце Трајановски е назначен од Владата за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Трајановски доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.
Трајановски е поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/339277028_1312557535968805_6452318681591516031_n.jpg)
Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.
„Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.
Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста“, стои во соопштението.
Македонија
СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sdsm-venko-filipce-3.jpeg)
Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, велат од СДСМ.
„Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.
Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.
СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата“, истакнуваат од опозициската партија.
СДСМ, додаваат тие, е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ.
„Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.
Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот“, се нагласува во соопштението на СДСМ.