Спорт
(Видео) Хрватска победи во Португалија, овации за Модриќ
Хрватска славеше во Португалија со 2:1 во генералната проба пред стартот на Европското првенство.
Главен фактор во победата на Хрватите беше 38-годишниот Лука Модриќ, кој му донесе водство на својот тим од пенал во осмата минута.
Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. по три минути игра во вториот дел изедначи Диого Жота, а конечниот резултат го постави Анте Будимир во 56. минута. Пред голот на напаѓачот на Осасуна Модриќ ја напушти играта и доби аплаузи на отворена сцена.
На претстојното Европско првенство Хрватите ќе играат во групата Б со актуелните шампиони Италија, Албанија и Шпанија, со кои првиот меч ќе го одиграат во сабота на 15 јуни.
Португалците имаат уште еден подготвителен натпревар против Ирска за три дена, пред да се пресметаат со Чесите, Турците и Грузијците во групата Ф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати се петорките за Ол стар натпреварот
Ол-стар натпреварот, оваа година ќе се игра на 15 февруари во Инуит Дом, новата арена на Лос Анџелес Клиперс.
Во пресрет на натпреварот на „Сите Ѕвезди“, познати се стартните петорки. Стартерите за натпреварот, ги избираат навивачите и комисија составена од претставници на медиумите, но гласаат и самите играчи. Гласовите на навивачите сочинуваат половина од вкупниот број гласови.
Тројца играчи прв пат ќе бидат стартери во тимот на Источната конференција: Тоа се Канингем (Детроит), Мекси (Филадлефија) и Браун (Бостон). Покрај нив во петорката се бекот на Њујорк, Брансон и крилото на Милвоки, Адетокумбо.
Што се однесува до Западот, во петорката само Стеф Кари е Американец. Тројца доаѓаат од Европа: Јокиќ, Дончиќ и Вамбањама, а еден од Накада, Гилџес-Александер.
Отсуството на Леброн Џејмс од стартната петорка е секако новост, по 20 години тој нема да биде стартер на Ол-стар натпреварот.
Комплетните состави ќе бидат објавени во следните неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Сити го официјализира трансферот на Марк Геи
Марк Геи официјално стана играч на Манчестер Сити.
Само неколку минути го делеа англискиот репрезентативец од потпис за Ливерпул во август. Тогаш трансферот му пропадна, се очекуваше дека по завршувањето на сезоната, како слободен играч да се пресели на „„Енфилд“, но Сити реши да се вмеша во трката и му ја расипа зделката на Ливерпул.
Геи потпиша договор со Манчестер Сити до летото 2031 година.
Дефанзивецот е второто засилување на „Граѓаните“ во јануари, по Антонан Семењо, кој веќе дебитираше за тимот на Пеп Гвардиола.
Сити плати 20 милиони фунти за овој трансфер, а договорот вклучува и клаузула за процент на следната продажба. За Кристал Палас, ова е одлична зделка бидејќи Геи по завршувањето на сеозната ќе го напуштеше клубот како слободен играч.
It's a done deal ✅ pic.twitter.com/dN0gwtzaP8
— Manchester City (@ManCity) January 19, 2026
Разликата во понудата на Сити во споредба со Ливерпул и Баерн, кои исто така беа заинтересирани, се чини дека е неделната плата што Геи ќе ја има во Сити, 300.000 фунти. Што би значело дека Сити подготвил 1,3 милиони месечно или 15,6 милиони фунти годишно.
Талентираниот дефанзивец одигра 188 натпревари за Кристал Палас, постигна 11 голови и го освои ФА Купот.
Спорт
Германија преку Шпанија до втората фаза, Франција лесно се справи со Норвешка
Германија ја победи Шпанија со 34:32 и го обезбеди првото место во А групата на 17-то Европско првенство во ракомет.
Германците кои беа на работ на бездната, по поразот од Србија, вечерва, го искористија подарокот од Србите, кои претходно загубија од Австрија (25:26) и со победата над Шпанија во втората фаза ќе пренесат два бода.
Германците беа подобри од самиот почеток, имаа предност што ја држеа во текот на целото прво полувреме.
Како што минуваше времето, стануваа подобри и посигурни, беше јасно дека влегоа во натпреварот.
Германците имаа предност од два гола во поголемиот дел од првиот дел од натпреварот, во еден момент водеа и со четири гола, додека Шпанија ја намали на респектабилни два гола до крајот на првото полувреме.
Шпанците нешто подобр влегоа во вториот дел, два пати се доближија на негатива од еден гол, но Германија успеа да ги одбие тие налети.
Германците повторно дојдоа до предност од четири гола, во последните десет минути и веќе тука беше јасно дека ќе победата.
На крајот, Ушчинс го заврши овој дуел со осум гола, Кестер имаше два помалку, додека Јури Кнор беше прецизен во пет наврати за германската репрезентација.
Кај Шпанија, Гури беше најефикасен со седум гола.
Германија, втората фаза ќе ја отвори против Данска, која извесно ќе биде прва во А групата.
Во Ц групата Франција, во Осло лесно со 38:34 ја победи Норвешка.
Французите до победата ги предводеа Лен и Наи со по пет, односно Пранди, Мем и Брије со по четири гола.

