Спорт
Реал и Баер се договорија за трансферот на Вирц за 2025 година!
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Баер Леверкузен го договориле трансферот на Флоријан Вирц за следната календарска година.
Реал во новата сезона го загуби германскиот ас Тони Крос, кој реши да се повлече од фудбалската заслужена пензија, но во блиска иднина треба да го наследи сонародникот Флоријан Вирц.
Според изворот на „Марка“, 21-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со мадридскиот клуб во 2025 година. Забележано е дека двата клуба започнале преговори пред неколку месеци. Потенцијалната сума на трансферот би можела да биде и 150 милиони евра.
Претходно „Мундо Депортиво“ објави дека Вирж е најголемата трансфер цел на Барселона.
Во тековната сезона 2023/24, Флоријан Вирц беше еден од најзаслужните за историските резултати на Фармацевтиката, првата освоена титула во Бундеслигата, германскиот ДФБ куп и финалето на Лига Европа. Тој одигра вкупно 49 натпревари во сите натпреварувања, постигна 18 гола и додаде 20 асистенции.
Вирц е стандарден член на првиот тим на Баер веќе четири сезони. Тој собори бројни рекорди во Бундеслигата кога го имаше своето деби во најсилната германска лига на возраст од само 17 години и 15 дена во мај 2020 година.
Неговиот договор со Баер трае до летото 2027 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Газанига го честеше ПСШ, Сити и Интер разочараа, лесни победи на Селтик и Борусија
Манчестер сити и Интер разочраа во дербито, Борусија Дортмунд и Слетикс убедливо ги победија Бриж, односно Слован, а ПСЖ во последната минута успеа да постигне гол и да ја совлада Џирона.
ПСЖ во сите параметри издоминира против Џирона. Имаше поседн на топка од 67 отсто, 24 удари кон голот на газаника, за споредба играчите на Џирона само два пати шутнаа кон голот на Сафонов, до победата „светците“ дојдоа благодарение на несмасната интервенција на голманот на Џирона.
Во 90.минута, Нуно Мендеш, упати нешто помеѓу шут и центаршут, а топката помина низ рацете и нозете на Газанига.
Бојан Миовски и овој меч го следеше од клупата за резерви.
⚽️ Nuno Mendes | Paris Saint-Germain 1-0 Girona pic.twitter.com/t5dDY7H0Yu
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 18, 2024
Борусија во Бриж се мачепше до 76.минута, а потоа убедливо славеше. Бајдо-Гитес ги постигна првите два гола во 76. и 86.минута, а победата ја потврди Гираси од пенал во 93.минута.
Селтик пукна петарда во межата на Слован. Шкотите славеа со 5:1.
Сити и Интер разочраа во дербито, одиграа без голови. Интер дојде на „Еихад“ да не загуби и ја оствари целта.
Спорт
Фуксе Берлин пресилен за Еурофарм Пелистер
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа вториот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Во А групата, Фуксе Берлин победи во Битола убедливо со 30:22 (15:9).
Пелистер против фаворитот шансите за поволен резултат ги загуби во последните десетина минути од првото полувреме. Во тој период Фуксе Берлин направи серија 5:0 и дојде до највисоката предност 15:8.
Во вториот дел гермнскиот тим три пати имаше предност и од девет гола.
Најефикасни кај Пелистер беа Радивојевиќ со пет и Кузмановски со четири гола. Фуксе го предводеа Данците Андерсен со седум и Гидсел со шест гола.
Во наредното коло, на 26.септември, Пелистер ќе гостува во Букурешт.
Спорт
Арсенал подолг период ќе биде без Едегор
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета потврди дека капитенот на тимот Мартин Едегор е тешко повреден.
Норвежанецот се повреди во Лигата на нации, во дресот на Норвешка против Австрија.
„Снимката покажа дека има оштетување особено на еден од лигаментите на коленото. Тоа е нешто што е големо… Ќе бидеме без него некое време“, изјави Артета.
Мартин Едегор е исклучително важен за Арсенал, тоа се почувствува против Тотенхем во последниот дуел, а ќе биде интересно да се види како без него ќе изгледа Арсенал против Манчестер Сити во недела.