Скопје
Без струја дел од општина Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат, корисниците од објектите во околината на ТИНЕКС – МАРКЕТ на улицата Кленоец во населба Влае во општина Карпош.
Без струја објектите ќе бидат од 08:00 до 09:30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски на утрински појадок со жените пензионерки од општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.
Со внимание ги слушнавме нивните забелешки, предлози и идеи, кои се од големо значење за креирање на политики што ќе ја унапредат благосостојбата на пензионерите, известуваат од Општината.
„Пензионерите се темелот на нашето општество. Од нив учиме, за нив се грижиме и со нив градиме подобра Општина Центар”, истакна Герасимовски.
„Грижата за повозрасните сограѓани останува наш приоритет – затоа што почитта кон нив е темел на здраво општество“, велат од Општината.
Македонија
Без струја дел од општина Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата 2 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.