Свет
Северна Кореја испрати 330 нови балони со отпад, Јужна Кореја се закани
Северна Кореја повторно испрати стотици балони полни со отпад кон Јужна Кореја, јавува Си-ен-ен.
Од синоќа Северна Кореја му испратила на јужниот сосед околу 330 балони со кеси за ѓубре, а 80 од нив слетале во Јужна Кореја, соопшти Здружената команда во Сеул.
Во пакувањата била пронајдена стара хартија и пластика, но немало опасни материи, соопшти Здружената команда во Сеул.
Според податоците на Си-ен-ен, од 28 мај на територијата на Јужна Кореја пристигнале околу 1.060 балони од Северна Кореја.
Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок за да даде одговор на последниот бран балони со отпад.
Јужна Кореја ќе емитува емисии против Северна Кореја во пограничните области.
Минатата недела Пјонгјанг соопшти дека испратил вкупно 3.500 балони со 15 тони ѓубре на својот сосед, според државниот медиум КЦНА, повикувајќи се на севернокорејскиот заменик-министер за одбрана, Ким Канг-ил.
Јужнокорејската војска одговори со емитување преку разглас до Северна Кореја, според Здружената команда во Сеул.
Војската на Јужна Кореја порано пушташе пропагандни преноси како дел од психолошката војна против Северот сè додека не ја повлече опремата по самитот со северните соседи во 2018 година.
Преносите ги информираат севернокорејските војници и жителите за „реалноста на Северна Кореја“, развојот на Јужна Кореја и корејската култура, соопшти Здружената команда во Сеул.
„Северна Кореја е целосно одговорна за моменната ситуација, ги повикуваме веднаш да престанат со такви одвратни дејства, како што е испраќањето балони со ѓубре. Дали нашата војска ќе пушти уште еден пренос преку звучниците целосно зависи од активностите на Северна Кореја“, соопшти Здружената команда во Сеул.
Севернокорејскиот режим вели дека ги испраќа балоните како одмазда за пропагандните летоци испратени преку граница од јужнокорејски активисти и севернокорејски дезертери. Групите, како Борци за слобода на Северна Кореја, долго време испраќаа балони со предмети забранети во изолираната тоталитарна диктатура, вклучувајќи храна, лекови, радија, пропагандни летоци и делови од јужнокорејски вести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје
Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.
Двете главни нерешени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено на иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.
Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.
Свет
(Видео) Обид за државен удар во Бенин: војска упадна во националната телевизиска станица
Група војници во западноафриканската држава Бенин, која себе се нарекува Воен комитет за обнова, под команда на потполковникот Паскал Тигри, денеска соопшти дека ја презеле националната телевизиска станица, дека претседателот Патрис Талон е отстранет од функцијата, а сите државни институции се распуштени.
NEW: Soldiers tried and failed to overthrow President Patrice Talon in Benin.
Coup plotters briefly seized state TV in Cotonou and announced a junta, but loyalist forces reportedly retook control within hours.
Talon was evacuated safely. pic.twitter.com/AVCAdphsyH
— Clash Report (@clashreport) December 7, 2025
Сепак, министерот за надворешни работи, Олушегун Аџади Бакари, соопшти дека лојалистички војници и националната гарда ја презеле контролата, и дека претседателот е безбеден.
Обидот за пуч се случи додека се подготвуваат претседателските избори, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, на власт од 2016 година. Владината коалиција го номинираше министерот за финансии Ромуалд Ваданџи за свој кандидат, кој, доколку победи, ќе ја продолжи актуелната економска политика на државата.
Свет
(Фото+видео) Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени
Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.
Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.
Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.
MAJOR INCIDENT DECLARED AT HEATHROW AIRPORT
DMs are open if you have more information. pic.twitter.com/1CEbSHuU6e
— British Intel (@TheBritishIntel) December 7, 2025
Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.
„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.
Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот.

