Забава
(Видео) Сара Мејс им подари химна на сите херојки, кои секојдневно се борат со животните предизвици

Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната.
Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс, за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.
Видеозаписот во целост ја доловува целата приказна благодарение на сите херојки, кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, односно Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и уште многу други херојки, кои со задоволство прифатија да бидат дел од проектот.
Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката Сара Мејс изразува силна емоција, овој пат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка.
Во песната се опеани самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величественост.
Сара Мејс со „Хероина“ одново ја докажа својата посветеност кон својот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на автентична музика, текст што заслужува особено внимание и инспиративен видеозапис, кој ќе остане запаметен.
„Хероина“ е одраз на силната жена, која секојдневно се бори со силна волја за она што го сака и која непрекинато учи како да стане по многубројните падови што ни ги носи животот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сопственичката на најжешките облини никогаш не стапнала во теретана, но ова не го прескокнува

Славната Салма Хајек со децении плени со својот изглед и харизма, а поради својата директност на многумина им е омилена личност кога е Холивуд во прашање.
Салма воодушевува секој пат со модно издание, како и сега на свечената церемонија во Санта Моника, која собра бројни ѕвезди, меѓу кои и Кејт Хадсон…
За оваа пригода Салма избра едноставна црна облека која одлично ја истакна нејзината линија и уште еднаш не потсети дека не и е грижа за денешните стандарди.
Таа го прослави својот 58 роденден и изгледа барем една деценија помлада, но никогаш не ја криела својата тајна.
„Никогаш не сум на диета, не сум добра за нив. Не сум слаба девојка. Секогаш сум на работ да бидам буцкаста, но секогаш сум задоволна“, рекла таа еднаш за својата веб-страница на која се продаваат здрави сокови.
Интересно е и тоа што Салма никогаш не тренира, единственото нешто што и помага е јогата.
„Некои луѓе се доволно дисциплинирани за да вежбаат наутро, но јас никогаш не успеав да го развијам тоа. Работам со жена во Лондон која ме научи како да се држам на начин што ги одржува мускулите активни цел ден. Така, дури и кога ги миеш забите, ги работиш мускулите. Тоа е ресторативна јога“, открила актерката.
А она што ретко кој од нас ќе го имплементира, по цена на каков било изглед, е експериментирање со храна, или поточно, бубачки. Салма го прави тоа.
„Морате да ги пржите. Сè што е пржено има добар вкус, но овие се навистина вкусни. Тие бубачки се неверојатни“, рече Салма.
Забава
Најсексапилната бринета ги покажа совршените стомачни мускули: Дуа Липа сподели фотографии од ноќното излегување

Пејачката Дуа Липа (29) веќе извесно време го обиколува светот во рамките на нејзината турнеја „Radical Optimism“, но и покрај напорниот распоред успева да одвои време за релаксација.
Таа во неделата објави серија фотографии од Нов Зеланд на социјалните мрежи, со што ги воодушеви следбениците со нејзиниот смел моден избор.
За ноќно излегување со пријателите, Дуа избра импресивна црна облека која ја истакна нејзината витка линија. Таа носеше црн топ со бели риги и тесно здолниште во ист дезен, а во преден план беше нејзината тенка половина и тетоважите на рацете.
Обожавателите ја опсипуваа со пофалби: „Мојата кралица“, „Ти си преубава“, „Девојката од моите соништа“, „Најдобрата пејачка“, беа коментарите.
Забава
(Видео) Сабрина Карпентер предизвика бура со изведба на нова 18+ поза на сцената

Сабрина Карпентер (25) повторно се најде на удар за нејзиниот сценски настап, откако изведе нова сцена со симулација на секс чин за време на нејзината турнеја Short n’ Sweet во Стокхолм.
Watch on TikTok
Инаку, пејачката (25) изведува различни сексуални пози за време на нејзината изведба на песната Јуно на концертите.
Обожавателите брзо реагираа, остро го критикуваа нејзиното однесување и го нарекоа „непримерно“ и „очајнички обид за внимание“.
Sabrina Carpenter debuting the “Eiffel Tower” Juno position at night two of #ParisShortnSweet
— via @13inafilmreel
pic.twitter.com/cdofXdDn9q— Sabrina Carpenter Tour Info
(@SabrinaTourInfo) March 17, 2025
„Мали деца доаѓаат на вашите концерти, не сте пример“, „Можеш многу подобро, имаш талент!“, „Оваа девојка очајно бара внимание, тажно е да се гледа“, „Ова е навистина одвратно“, „Таа се обидува да ја надмине Тејлор Свифт по секоја цена“, „Никогаш нема да разберам зошто го прават ова. Сосема невкусни“, се само дел од коментарите.