Регион
(Видео) Kитови забележани во Јадранското Море: граѓаните предупредени да не им се приближуваат

Од Националниот парк Мљет информираа дека добиле неколку пријави за китови во каналот Мљет. Веднаш ги известиле граѓаните и им порачале да не се приближуваат до китовите.
„Во понеделникот на 10 јуни добивме неколку пријави дека е забележан кит во каналот Мљет помеѓу Полач и Трстеник. Во моментов немаме повеќе информации или сознанија за видот, но ве молиме не му приоѓајте со пловни објекти и доколку го забалежите известете не за локацијата и времето“, стои во објава на Фејсбук профилот на Националниот парк Мљет.
Минатата година во близина на Корчула, исто така, по неколку пријави од граѓани, Институтот „Син свет“ од Вели Лошињ утврдил дека во тој дел на Јадранот има најмалку пет единки на китови исклучително ретки китови.
Инаку, тие живеат на длабочина од еден километар, па затоа повеќето посети на китовите на овој дел од Јадранското Море завршуваат со заглавување и умирање на единките. Поради оваа причина, неопходно е да се обезбеди следење на групата за да се утврди правецот на движење и да може навреме да се преземат спасувачки акции.
Спектакуларни сцени на китови се видени и во близина на Шолта, снимени на видео каде се слушаат воодушевени гласовите на набљудувачите кои го гледале китот како излегува од водата и плива по површината додека исфрла вода, пишува „Вечерњи лист“.
Голема сензација беа два големи кита видени во август 2020 година во каналот Велебит. Тоа е вториот по големина вид кит во светот, кој може да порасне до 27 метри, додека подвид е забележан на Јадранот со големина од околу 23 метри.
Истражувачите излегоа на терен за да го фотографираат големиот кит од воздух со дрон за да ја анализираат неговата големина и здравје и да направат биопсија на кожата за ДНК анализа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин