Европа
(Видео) Небото над Украина виде уште една битка во стилот на Првата светска војна

Снимките од земја и од воздух направени во април фатија неверојатна битка на небото над јужна Украина, пишува Форбс.
Во сцена која потсетува на Првата светска војна, пропелерот Јаковлев Јак-52, кој наводно му припаѓа на украински летечки клуб, маневрирал околу рускиот извидувачки дрон Орлан, додека војник на задното седиште во авионот пукал кон дронот од автоматска пушка.
View from the cabin of Yak-52 which helped to down a Russian drone over Odesa today.
https://t.co/XqkJhEn1DP https://t.co/u3PkwwZ9Cw pic.twitter.com/sOKgq7Nqbq— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) April 27, 2024
Дронот се спуштил со помош на автоматски падобран, што е знак дека претрпел штета.
Два месеци подоцна, јасно е дека ваквата битка не била единствената.
Ukrainian Yak-52 which is used to hunt down Russian reconnaissance UAVs over the southern Ukraine.
Video from a Russian drone. https://t.co/5Ba0xy7cWM pic.twitter.com/99havoXGSf— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) June 8, 2024
Друго видео стана вирално на Интернет во саботата, прикажувајќи воздушна битка помеѓу руски извидувачки дрон ЗАЛА и украински авион Јак-52. Ова видео е снимено со дрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.