Свет
Израел уби 270 Палестинци во операција за спасување заложници: „Тоа можеби е воено злосторство“

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека убиствата на цивили во Газа за време на израелската операција за ослободување четворица заложници од густо населената област би можеле да бидат воени злосторства.
Во саботата Израел изврши копнена операција со воздушна поддршка во центарот на станбената населба Газа во областа Нусејрат. Заложниците биле држени во два одвоени стана, соопшти израелската армија.
Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 270 Палестинци биле убиени во операцијата.
„Начинот на кој беше извршена операцијата во толку густо населена област сериозно бара истрага за тоа дали израелските сили ги почитувале принципите на разликување, пропорционалност и претпазливост – утврдени во меѓународното право“, рече портпаролот Џереми Лоренс.
Лоренс додаде дека одлуката на вооружените групи да држат заложници во толку густо населена област „ги загрозува животите на палестинските цивили, како и на самите заложници“. „Сите овие дејства на двете страни може да бидат воени злосторства“, рече тој.
За време на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври, Хамас киднапира речиси 250 заложници. Повеќе од стотина од нив беа ослободени во замена за 240 палестински затвореници од Израел како дел од договорот во ноември.
Според израелските податоци, во Појасот Газа има уште 116, од кои 40, кои Израел ги прогласи за мртви во отсуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Свет
Нов закон во Русија: до 5.500 евра казна за продажба на енергетски пијалаци на деца

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша нов закон со кој се воведуваат строги казни за продажба на енергетски пијалаци на малолетници. Според информациите објавени на официјалната веб-страница за правни акти, прекршителите може да се соочат со казни до 5.500 евра.
Законот ги регулира правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалаци и предвидува казни за сите кои ќе ги прекршат одредбите – од индивидуални продавачи до правни и службени лица. За граѓаните и компаниите казната може да достигне до 5.500 евра, додека за службени лица – до 2.200 евра, јави РИА Новости.
Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека овој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација.
Пратеникот на Државната дума, Алексеј Говирин, истакна дека во некои региони ограничувањето за продажба на енергетски пијалоци на малолетници важеше и претходно, но дека само во некои региони беа предвидени казни, на пример, во Московскиот регион и Санкт Петербург, и дека тие беа значително пониски од она што беше утврдено врз основа на новиот закон.
Свет
(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а 22 беа повредени.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, вели дека се нападнати повеќекатници и приватни станбени згради, образовни и инфраструктурни објекти.
„Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“, изјави тој.
Mentre per l’arancione Russia e Ucraina sono due bambini che litigano nel parco, il regime nazista e mafioso del Cremlino, quello che chiama “terrorista” il governo di Kyiv, continua ad uccidere. Nell’attacco di stamattina a Kharkiv sono morti 3 civili pic.twitter.com/bDRgOoiDxH
— Marco Setaccioli (@marsetac) June 7, 2025
Гувернерот на Харков, Олех Синиехубов, изјави дека еден од цивилните индустриски објекти во градот бил нападнат од 40 дронови, една ракета и четири бомби, што предизвикало пожар, додавајќи дека под урнатините можеби сè уште има луѓе.
#BreakingNews
Massive Night Assault on #Kharkiv: Over 50 explosions rocked the city in just 2 hours.
🔥 Main strike targeted the Kommunar plant—30+ hits reported.
💥 An oil depot near Maselsky metro also struck.
Locals describe it as the biggest attack yet.#UkraineWar… pic.twitter.com/rNLKnSlJsp— War Doctrine (@War_Doctrine) June 7, 2025
Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 206 дронови, 2 балистички и 7 други ракети против Украина во текот на ноќта.
Харков, еден од најголемите градови во Украина, се наоѓа на само неколку десетици километри од руската граница и е под постојано руско гранатирање.