Спорт
Клосе го презеде Нинберг
Мирослав Клосе, поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, во следните две сезони ќе биде тренер на Нинберг.
Клосе кој се повлече од професионалниот фудбал на крајот од сезоната 2015/16, досега беше прв тренер на Алтах во Австрија, но на клупата остана само 24 натпревари.
Работеше и како асистент во Баерн (2020-2021) и самостојно го водеше кадетскиот тим на германскиот великан.
Кариера ја започна во Кајзерслаутерн, а подоцна играше во Германија за Вердер и Баерн, а во Италија играше за Лацио.
Одигра 599 натпревари на највисоко ниво и постигна 230 голови. Во дресот на германската репрезентација одигра 137 натпревари и постигна 71 гол. Во 2014 година со Германија го освои светскиот шампионат.
Тој се уште е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 16 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тријат раце во Реал, Интер нуди 60 милиони за Нико Паз
Нико Паз е еден од најдобрите играчи во Серија А и оваа сезона. Младиот фудбалер е продукт на младинската школа на Реал Мадрид, наредното лето ќе се пресели во поголем клуб од Комо. Според италијанските медиуми, Интер подготвил конкретна понуда.
Актуелниот вице-првак на Италија и Европа, Интер има подготвено 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер на Комо.
Сума која на најпознатото италијанско езеро веднаш би ја прифатиле, но работите околу трансферот се сложени.
Нико Паз од Реал за шест милиони евра, пред две сезони се пресели во Комо. Тогаш, Реал вметна клаузула во неговиот договор дека може да го врати во Мадрид за девет милиони евра.
Сигурно е дека Флорентино Перез ќе го искористи тој попуст, а потоа веројатно ќе го препродаде талентираниот Аргентинец.
На позицијата на која игра Паз, конкуренцијата во Реал е голема. Тука се Џуд Белингам, Арда Гулер, Франко Мастантуно.
Нико Паз има двојно државјанство, но иако е роден во Шпанија, реши да игра за Аргентина, од каде што потекнува.
Тој одигра шест натпревари за Аргентина од своето деби во октомври минатата година.
Спорт
Шефилд Венздеј поднесе барање за стечај
Проблемите во кои се наоѓа Шефилд Венздеј се влошија во петокот, клубот поднесе барање за банкрот.
Финансиските проблеми се натрупаа до тој степен што Венздеј сега ѝ должи на владата еден милион фунти за даноци.
Англиската фудбалска лига му изрече неколку казни на клубот во текот на изминатите седум месеци, а EФЛ забрани регистрација на нови играчи поради доцнење на плаќањата на играчите и персоналот во клубот Шефилд Венздеј.
Притисокот врз Дејфон Чансири да го продаде клубот трае веќе долго време, а навивачите ја изразија својата загриженост со бројни протести, поранешни играчи, па дури и политичари. Навивачите бојкотираат веќе некое време и не доаѓаат на натпреварите што Венздеј ги игра на „Хилсборо“.
Поради новата ситуација и барањето за банкрот, на Шефилд Венздеј автоматски ќе им бидат одземени бодови, што официјално ќе биде потврдено од EФЛ. Венздеј е последен на табелата во Чемпионшип.
Последниот клуб во EФЛ што прогласи банкрот беше Дерби Каунти во 2021 година, а EФЛ потоа реагираше со одземање на 12 бода.
Спорт
Шкендија победи и обезбеди уште едно место за Македонија во европските купови
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Победата на Шкендија над Шелбурн (1:0), во второто коло од Конференциската лига е историски момент за македонскиот фудбал. Шкендија стана првиот македонски клуб со победа во главната фаза од едно меѓународно натпреварување. Трите бода се исклучително значајни за македонскиот фудбал.
Благодарение на оваа победа, Македонија ја престигна Црна Гора на листата на УЕФА за национални коефициенти и се проби меѓу првите 50 фудбалски земји во Европа според тој параметар.
Ова значи дека од сезоната 2027/2028, Македонија ќе има четири претставници во европските натпреварувања, додека Црна Гора ќе падне на три.
Зад Црна Гора која е на 51-во место останаа само четири земји: Гибралтар, Грузија, Велс и Сан Марино.
Скокот на Македонија, од друга страна, потврдува дека континуитетот и инвестирањето може да донесе резултати.

