Регион
Колега на човекот кој се самозапали во Хрватска: „Секогаш беше расположен, се шегуваше, тешко е да се замисли дека ќе направи такво нешто“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/1666031843-policija-hrvatska-1.jpeg)
Човекот кој денеска се поли со бензин и се запали пред Бански двори во Загреб живее во Копривница, пренесуваат локалните медиуми.
Бил вработен во Хрватски железници и отишол во пензија.
Оние кои го познаваат велат дека досега не покажувал никакви знаци во своето однесување дека би направил такво нешто.
„Секогаш беше расположен, се шегуваше и навистина е тешко да се замисли дека ќе се реши на такво нешто. Знам само дека неодамна имаше сериозна операција на стомакот“, изјавил поранешен колега на човекот.
Докторка која била на местото на настанот, изјавила дека станува збор за маж кој бил коцкар, а кој минатата година го пријавила жената.
„Значи, ментално видно расеан“, додала таа, пренесува „Дневник.хр“.
Очевидец, кој бил веднаш до човекот кој се самозапалил, за „Подравски лист“ раскажал што видел.
„Бев буквално на три метри од него и прво помислив дека се снима филм. Кога сфатив што се случува, го зедов апаратот за гаснење пожар и почнав да го гасам. Страшните сцени се уште ми се во главата”, рекол тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.