Спорт
Саутгејт заработува вистински богатство, Сањол работи за смешни плата

Магазинот „Франс Фудбал“, во пресрет на Европското првенство ги обајави платите на селекторите.
На врвот на листата е селекторот на Англија Герет Саутгејт со годишна плата од 5.800.000 евра. Инаку, Саутгејт најави дека ќе ја напутшти функцијата доколку Англија не ја освои титулата.
Вториот на листата, селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, заработува дури 1.000.000 евра помалку, додека на третото место е Роберто Мартинез, кој седи на португалската клупа.
Селекторот на Грузија, Вили Сањол, кој со оваа репрезентација постигна историски резултат е последен на листата, со скромна плата од само 200.000 евра.
Платите на селекторите:
Ова се годишните плати на сите селектори на ЕУРО:
1. Герет Саутгејт (Англија) – 5,8 милиони евра
2. Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,8 милиони евра
3. Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра
4. Дидие Дешамп (Франција) – 3,8 милиони евра
5. Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра
6. Лучано Спалети (Италија) – 3 милиони евра
7. Виченцо Монтела (Турција) – 1,8 милиони евра
8. Мурат Јакин (Швајцарија) – 1,6 милиони евра
9. Ралф Рангник (Австрија) – 1,5 милиони евра
10. Доменико Тедеско (Белгија) – 1,5 милиони евра
11. Златко Далиќ (Хрватска) – 1,5 милиони евра
12. Драган Стојковиќ (Србија) – 1,4 милиони евра
13. Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 1,25 милиони евра
14. Сергеј Ребров (Украина) – 1,25 милиони евра
15. Каспер Хјулманд (Данска) – 1,15 милиони евра
16. Силвињо (Албанија) – 750.000 евра
17. Михал Пробиерц (Полска) – 560.000 евра
18. Стив Кларк (Шкотска) – 550.000 евра
19. Франческо Калцона (Словачка) – 540.000 евра
20. Марко Роси (Унгарија) – 300.000 евра
21. Матјаж Кек (Словенија) – 300.000 евра
22. Иван Хашек (Чешка) – 250.000 евра
23. Едвард Јорданеску (Романија) – 240.000 евра
24. Вили Сањол (Грузија) – 200.000 евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.