Забава
Летиција Каста беше меѓу најубавите жени на светот, а денес на 47-годишна возраст е божествена
Француската актерка и модел Летиција Каста се појави на модна ревија на Капри, Италија, и ги воодушеви сите во едноставен црн фустан со длабоко деколте.
Оваа убавица, која и денес, во својата петта деценија, плени со својата убавина и изглед, изгледаше занесно во фустан кој ја следеше нејзината линија на телото, но деколтето сепак ги привлече погледите на присутните.
Таа беше многу женствена во оваа многу едноставна, но предизвикувачка комбинација, а не носеше накит.

Летиција, која сè уште важи за природна убавица, на почетокот на 2000 години беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а она што денес ја издвојува од другите е тоа што не направила пластична операција, туку старее сосема природно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.

