Македонија
Над 50 волонтери пријавени на повикот на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
Со средба со пријавените волонтери, кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, ја почна својата изборна кампањата.
Деспотовски при објавувањето на кандидатурата упати повик до сите што искрено сакаат да придонесат и да се вклучат во промените и реформата на СДСМ. Волонтерите, кои се на разна возраст и речиси од цела Македонија, ги споделија своите идеи и се подготвени и посветени да ги поттикнат промените наведени во програмата.
„Ентузијазмот и посветеноста на нашите волонтери се навистина мотивирачки. Нивната посветеност за нашата визија и нивниот активен пристап се токму она што ни треба за да направиме промени за кои се залагаме. Особено охрабрува бројот на волонтерите, кои до сега се одѕваа и се пријавија да ни се приклучат. Навистина е мотивирачка енергијата со која тие пристапуваат кон сите теми штпо се дел од нашата програма и нивниот придонес со свои идеи. Тоа е и основата на нашата програма, ‘Нов почеток, нов СДСМ’. Овде секој глас е ценет и важен и секој член ќе има улога во обликувањето на нашата иднина. Тука има место за сите што искрено ќе се вложат за партијата повторно да си ги врати интегритетот, но и местото што го заслужува“, им порача Деспотовски.
Досега на повикот се пријавија над 50 волонтери, во најголем дел од Битола, Тетово, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Пробиштип, Карпош, Крушево, Свети Николе, Богданци и од други општини. Овој пристап е само почеток на серијата заеднички напори насочени кон градење партија што обединува, а не фаворизира, и партија што размислува напред. Деспотовски продолжува со средби и презентација на програмата во цела Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

