Македонија
Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош, посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани.
-Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував, рече Мицкоски и додаде:
-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството да има доверба кај граѓаните од 2,3,5 %, да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем да ја направи двоцифрена, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните-плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судството, да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува“, рече тој.
Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8 Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.
-Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што на изборите на 8 мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

