Свет
(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на расправата за поголема регионална автономија.
Леонардо Доно од популистичкото „Движење пет ѕвезди“ прво бил турнат, а потоа соборен на подот, јавуваат италијанските медиуми.
Причината е дебатата за диференцирана автономија на регионите, со што регионите би добиле поголема моќ, а опозицијата остро се спротивстави.
Дел од опозицијата ја пееја химната и ги истакнаа знамињата на таа земја, а кога Доно се обиде да му го предаде знамето на еден од министрите, дојде до туркање.
Се уште не е јасно дали паднал сам или некој го турнал. Се известува и дека еден од чуварите кој се обидел да интервенира за да го прекине конфликтот е повреден.
Никола Фратојани, еден од пратениците, изјави дека Дон бил удрен неколку пати во главата, поради што паднал на земја. Потоа му се слошило и му била потребна интервенција на лекарите кои го однеле во инвалидска количка.
Седницата е прекината и се разгледуваат снимките за можни мерки по овој инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик, му испратила 25.000 СМС пораки

Алисон Хејвман-Нидрах (44), поранешна професорка по дефектологија во Њу Џерси, е обвинета дека испратила 25.000 СМС пораки на ученик од осмо одделение (15), кого наводно го злоставувала минатата година.
Овие пораки покажаа дека двајцата имале сексуален однос, вклучувајќи фотографии и видеа на кои тие се впуштаат во ризично однесување. Нивните односи наводно се одвивале во хотели. Нејзината жртва првично негираше каква било поврзаност со Хавеман-Нидрах, кажувајќи им на инспекторите дека е во врска со ќерка на учителката, но лагата брзо се разоткрила. Неколку дена подоцна и признал се’ на мајка си. Таа ги контактирала надлежните за да ги извести и нејзиниот син бил пренесен во болница на психолошка евалуација.
Таа беше пуштена во домашен притвор во јули, каде и беше кажано дека не може да зборува со ниту едно дете освен со нејзините две и не и беше дозволен пристап до компјутер.
Помошникот на окружниот обвинител Даниеле Занзуки претходно изјави дека наставничката била опседната со тинејџерот, а истрагата била покрената откако вработените во училиштето го вклучиле алармот.
Свет
Жена почина во авион за Ливерпул

Шеесет и седумгодишна жена почина на летот на „Изи Џет“ покрај херојските напори на сопатниците да и го спасат животот, јавува порталот GB News.
67-годишната патничка доживеала срцев удар за време на нејзиното патување во вторникот, 25 март, додека летала од Тенерифе за Ливерпул.
Летот, кој полетал од Тенерифе бил пренасочен на аеродромот Сантијаго-Росалиа де Кастро, каде што ја пречекале медицински екипи.
За жал, жената починала во авионот пред леталото да може да слета.
Сведоците опишаа за „Ливерпул ехо“ како сето тоа се одвивало на надморска височина од повеќе од 11 километри.
Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, бил меѓу оние кои дошле на помош кога персоналот побарал помош.
„Персоналот донесе резервоар за кислород и дефибрилатор, додека медицинската сестра, физиотерапевтот и јас наизменично вршевме реанимација на жената“, рече тој.
Регион
„Исклучете го ова!“ – на настап на српска пејачка активирана пиротехника, таа веднаш јавно реагираше

Српската пејачка Барбара Бобак, настапи синоќа, на 28 март, во Загреб.
За време на нејзиниот настап во клубот, додека беа вклучени огнените прскалки, Барбара реагираше и меѓу стиховите рече: „Исклучете го ова“.
Реакцијата е поради трагедијата во Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар во дискотека. Меѓу загинатите има и членови на популарниот бенд ДНК, пишува српски „Телеграф“.
Со оглед на сериозноста на настанот, Барбара сакала да избегне слична ситуација, потсетувајќи ги сите на одговорноста за безбедноста за време на забавата.
И петходно Барбара Бобак, дента кога се случи трагедијата во Кочани, изрази загриженост за употребата на пиротехнички средства.
„Ужас, не можев да поверувам, тоа беше првото нешто што го прочитав кога се разбудив. Ми беше многу тешко, особено затоа што дури подоцна сфатив дека тоа се случило, колку што можев да видам, поради тие проклети огномети, кои ме тераат да врескам и никогаш да не ги пуштам. Тоа е ѓубре, и тие се очигледно опасни, многу ми е жал, јас сум отсутна, не знам што да кажам. Мислам дека треба да се воведе закон за забрана на пиротехника“, изјави на 16 март пејачката за „Блиц“.
„Телеграф“ потсети и дека меѓу оние што го преживеаја пожарот во Македонија, многумина се префрлени во болниците во Србија. Трагедијата длабоко ја потресе и пошироката јавност, потсетувајќи на важноста од обезбедување безбедност на јавни места, што Барбара, како што пишува „Телеграф“, не сакала да го занемари.