Македонија
Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК.
Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на родителите во СВР Битола во 20.30 часот.
Пред полноќ акцијата успешно завршила.
Во 23.50 часот од полицајците на МВР, СВР Битола, изгубеното лице е пронајдено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
На Велешко езеро Младост „непозната материја” плива на неговата површина, велат од Левица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/449234497_10161546565249828_6575509915967375468_n.jpg)
Во Велешко езеро „непозната материја” плива на неговата површина. На својот Фејсбук профил Игор Смилев, член на политичката партија Левица во Велес соопшти дека на езерото лебди материја која зафаќа во дел од денот и над 50% од водната површина.
„И после повеќе од три недели од еколошката голгота низ која поминува велешкото езеро ” Младост” се уште нема официјални резултати каква “непозната материја” плива на неговата површина. Мустрите се земени одамна и го “чекаме Годо” да дојде и да ни ги соопшти. Или можеби се подготвува убаво наштелуван експертски текст во кој кабелот ќе биде крив или во најмала рака алгите, крапот и сомовите. Небаре фисија и фузија на атомот на водата се прави. Колку за илустрација. Резултатите од испитувањето на Примероците од троската од Велешката топилница(земени лично од велешки активисти на ЕГ Грин Пауер на 28 февруари 2024) беа готови за неполни три недели и соопштени транспарентно“, пишува Смилев.
Претходно имаше информација дека има угинати риби во езерото, а причините за поморот не беа соопштени.
Македонија
Пријави за штети од невреме во Тетовско, има опасност од поплавување на семејни домови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/tetovo-nevreme-1.jpg)
Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви за последици од невремето во Тетовско.
На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.
Во 19:49 часот е добиена пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после оболните дождови. Има материјална штета.
На 112 во ЦУК е добиено известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови.
Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово.
Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дпжд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.
Македонија
Народната банка предупредува за измами преку лажни телефонски повици, апелира до граѓаните да внимаваат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/narodna-banka.jpg)
Измамници мамеле граѓани преку телефон, претставувајќи се во име на Народна банка.
Од Народната банка уверуваат дека нивни претставник или вработен, во ниту еден случај нема телефонски да побара од граѓаните број на сметка, ПИН или друг вид личен податок, ниту пак да бара да се уплатат средства на одредена банкарска сметка.
– Злоупотребувајќи го идентитетот на Народната банка преку телефонски повици, непознати лица, се обидуваат противправно да остварат финансиска корист и/или да приберат лични податоци коишто потоа можат да бидат злоупотребени. Ја известуваме јавноста дека Народната банка нема никаква поврзаност со лицата коишто ги оствариле телефонските повици и апелираме до граѓаните, да не откриваат лични податоци, ниту пак да преземаат активности согласно со барањата од непознатите лица. Доколку имате добиено или ако во натамошниот период добиете, неочекувани телефонски повици, е-маил или СМС пораки од сомнителни адреси или телефонски броеви, во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или од вас се бара откривање лични податоци, не започнувајте комуникација каде ќе дадете ваши лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка, пишува во соопштението од Народна банка.
Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство – електронска пошта или преку социјалните мрежи, од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува како вработен во Народна бaнка, се апелира веднаш да го пријават случајот во Народната банка, преку официјалната е-адреса: [email protected].