Црна хроника
75-годишен маж тешко повреден во сообраќајна несреќа во Делчевско
Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.,,Браќа Миладинови“ во Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.К.(18) од с.Град, делчевско и патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (75) од с.Габрово, делчевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. констатирани во Медицински центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.