Свет
Стејт департментот: Извештајот на МААЕ покажува дека Иран има цел да ја прошири нуклеарната програма
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/iran-nuklearki.jpg)
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, рече дека извештајот објавен од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) јасно покажува дека Иран има цел да продолжи да ја шири својата нуклеарна програма на начини што немаат веродостојна мирољубива цел.
Овие планирани активности дополнително ги поткопуваат тврдењата на Иран за спротивното и доколку Иран ги спроведе овие планови, САД соодветно ќе одговорат, се вели во соопштението на Стејт департментот. Милер истакна дека Иран мора да соработува со МААЕ, без понатамошно одлагање за целосно да ги спроведе своите правно обврзувачки заштитни обврски.
„Остануваме во тесна координација со нашите партнери и сојузници и подготвени сме да продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Иран доколку продолжи несоработката со МААЕ“, рече Милер.
Во извештајот на МААЕ објавен во четвртокот се вели дека Иран инсталирал дополнителни центрифуги за збогатување ураниум во Фордоу и почнал да поставува други, објави „Ројтерс“. Исто така, наведено е дека Иран развил план за инсталирање неодреден број дополнителни центрифуги во својот подземен објект за збогатување во Натанц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.